зоолошки прид.

зоолошки (прид.)

Цвичат релсите, ко пауни во зоолошка градина, запира возот, но луѓето не запираат да се тресат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
-Фино беше во зоолошката. Влечеш опаши на лавови, им даваш пластични банани на глупите мајмуни, плукаш ваму-таму...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во тоа време во Зоолошката градина се направи таква бркотница, што помина доста време додека тргнаа со огромното специјално возило по слонот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- На Скопје му фалат и животни за у Зоолошка зошто голем дел од животните избегаа на улица и по медиуми.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Се разговараме низ решетките, се гледаме ко животни во зоолошка градина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Помисли дека уличното осветлување сковало заговор против него; дека го следат духови на мртви животни од зоолошката градина; дека тоа што му се случува е добра фабула за басна... секакви будалаштини помисли М
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во зоолошка сретнуваш неколку истомисленици.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Морскиот лав во Зоолошката градина, кој паднат во некоја депресија одбивал и да јаде, кога се појавив и се подадов кон него, доплива кај мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мама го одведе Зоки во зоолошката градина. Зашто тој веќе треба да научи како се викаат некои животни.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Не познавам никого“ , ги дигна рамениците и се тргна од прозорецот. „Но зоолошките волци не ги хранат со рибји конзерви и банани.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Во Зоолошка немаа што да јадат, но затоа сега јадат тртушки по медиумите - им возврати Метакот атакувајќи кон нивното сурушко дувло.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во слободно време ги носеше на кино, на циркус, на капење во базен, во зоолошка градина, на коњски трки, на фудбалски натпревари; и кога шетаа, за едната рака го држеше мајка им, а за другата тие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Противниците веќе не се ближни, а битката во која се соочуваат е ослободена од сите ограничувања: „Не само што премногу острата поделба на човечкиот род на раси почива на научни заблуди - затоа што мошне малку земји се настанети со жители од само една чиста раса - туку може да води и кон истребувачки и, ако можам така да кажам, „зоолошки“ војни, какви што се оние, за преживување, во кои стапуваат различни видови на глодачи или месојадци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За Сани, најомилената поставка е онаа со снежниот леопард. чудно е што зоолошката градина во ваков малечок град има такво животно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во зоолошката градина, недалеку од тревното царство на пауните, од студентските дни Pavo kristatus, најдоа свој човек со смачкана глава. Без докази.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Умре ненадејно, три недели подоцна, пред една зоолошка градина, чијшто сопственик беше еден австралијански домородец.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Откако ја голтна бабата, волкот облече ноќница и си ја стави нејзината капа“, ха ха, каква травестија, боже, и тоа тројна, сексуална, зоолошка, дури и генерациска.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Нашата соба е мала како кутија“ , пак повторија браќата. „Зоолошката градина беше затворена.“ „Однесете го на крај град и оставете го“ , прсна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе