игра (ж.)

-Животот навистина е интересна игра.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
На луѓето пак, како на вистински кучкини синови, им успева, како во забава, како во игра, со лес, да ме држат не со нив, на нивно рамниште, туку на растојание, и да остават нивните осила да ги осетам од подалеку.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не знам точно колку, но спрема правилата на играта доволно за основање форум за човекови права што меѓународно би бил признат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знаеше дека на неговиот гостин му е потребно малку повеќе простор за неговите игри и дека тој сега ќе може и самиот да си го изнајде тоа и не отиде со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По којзнае кој пат уште еден пораз но поразот не значи изгубена битка учен е народот поразен да биде но за инает не се откажува од игра
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Некогаш таму навраќале видни кнезови за да се соочат со последната игра на својот живот што самите ја нарекле руски рулет.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
А бидејќи не се заинтересира кого во играта го промовирав за татко сфатив дека за неа играва не претставува ништо посебно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Македонците не се запреа на таа двојна игра со различните изјави пред Бугарите и пред Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И надвор во игрите, прифаќајте го и не оставајте го да се чувствува осамен и туѓ.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Возрасните за жал играат ретко или пак безволно признаваат дека ја играат таа игра.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Мораш така. Сметот е лош. Но можеш да си играш некој вид на игра.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа не е проста игра на зборови или барање влакно во јајце.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веќе вторпат тој ден немаше да можат да си ја довршат играта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да не мислиш на многубројните игри со зборови во повеќето од расказите?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кога ги скротнаа воловите, не почнаа да играат комитски игри како секој ден, туку наседнаа на една ледина и заумено молчеа како тие да беа оние што требаше да видат што ќе се прави сега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Со години настојував да ги објаснам причините за оваа болна игра.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Целата приказна на играта како во бајка, знае да кулминира со СОВРШЕНОСТ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе