изброи св.

изброи (св.)

За пример да кажам, број му ги зборовите и нема да изброиш повеќе од десетина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Избројав во сивилото единаесет орлишта и слушав со горчливост на тага во стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Горе изброените бугарски добрини не се направија во полза на самите Македонци, а на интересите на Бугарија во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој се обидуваше да ги изброи, а не можеше да се сети зошто.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Двамината со кајче се вратија во Винени и таму на кожената блуза видоа и изброија дека беше пронижана со триесет куршуми.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еден ден дојде кај мене во училиштето дедо ти, изброи рамно сто жолтици и ми го раскажа ова што јас сега тебе ти го раскажувам.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Заборави веќе колку пати ги изброја чекорите од училиштето до местото каде што обично застануваа автобусите при организираните екскурзии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Договорен систем за означување на локацијата на нарачката и на одговорноста за нејзино плаќање - каде треба да се однесе чоколадото, и кој треба на крај да ги изброи парите.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако изброил на едно купче рамно сто жолтици, ги турнал пред стрика Никола и рекол Овие ви ги оставам вам за ваша издршка и за издршка на Драгана.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога чул човекот така, се свртел, ги избројал магарињата и видел дека се осум.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Што имал продал, што му избројале на дланка испил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја избришав и ги ставив сомуните да се печат и избројав дваесет и еден леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ги наредев потилје, само на една страна свртени да спијат, ќе ги изброев и ќе си легнев.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога ќе заспијат навечер, таа ќе изброи по четири ноџиња во секој, а на крај своите две отечени и двете на најмалото во креветот во кујна, вкупно 16, и ќе воздивне од радост, па ќе се прекрсти и ќе му се заблагодари на Бога!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Можеше на прсти да се избројат ваквите влегувања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Невозможно е да се избројат сите ориенталски специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се зачудил ама и се израдувал Итар Пејо што сите магариња му се на број и пак се качил на едното магаре и пак ги изброил.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Повеќе