изведувач м.

изведувач (м.)

Многу од овие последниве биле префинети изведувачи, кои редовно учествувале во концертите на нивните сопствени оркестри.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Даскалов се насмеа и ми подрече дека сум бил добар измислувач на утврдени природни појави и дека сум одличен изведувач на експерименти за децата од пониските одделенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Талентите на Бетовен како изведувач биле отворено признати од сите со кои тој стапил во контакт.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Се испробувал во композиција долги години, но дотогаш бил познат главно како изведувач, а не како композитор, иако честопати свирел свои композиции и имал, како што видовме, голем талент за импровизирање, што само по себе е своевидна композиција и показател за музички способности од највисок ред.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Иако бил оформен изведувач, знаел само малку контрапункт, а понаучната страна на неговата уметност бил занемарена.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Бодлер доживува слична состојба и кажува: „Нотите стануваат броеви, а ако имате и малку дарба за математика, мелодијата и звучниот склад што го слушате задржувајќи ја својата сладострасна и сетилна карактеристика, се претвора во широки аритметички операции во кои броевите раѓаат броеви и чии фази и настојувања ги следите неверојатно лесно и снаодливо, токму како изведувач”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Порнографијата со својата дословност и занимавањето за сексуалниот ефект (еден од најстарите примери за интерактивен однос меѓу гледачот и изведувачот) му се заканува на митот за симболичката форма и естетската дистанца на уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сега композиторите можат непосредно да создаваат музика, без помош на изведувачот- посредник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По паузата изведувачот лежи со главата потпрена на рака во локвите од сопствената крв. Делумно со неа е испрскан и по телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој не бил само истакнат изведувач: неговите композиции исто така привлекувале внимание во неговиот круг.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
На почетокот, тој често се појавувал како изведувач, не само во Виена, туку следната година ги проширил своите патувања и до Берлин, каде што се сретнал со Хумел.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Поп и џез музичарите несомнено на повеќе начини се поврзани со употребата на марихуаната верувајќи во значајните можности на оваа супстанца во подобрување на креативноста, изведувачките способности и способноста за импровизација, што е многу важно кога е во прашање џез музиката, којашто како музичка форма не е толку изведувачки ограничена во споредба со класичната музика, во која изведувачот мора стриктно да се држи до нотниот текст. 144 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ова е паралелно и во случајот со Бах, кој до својата триесетта година бил познат повеќе како изведувач, отколку како композитор.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Сега е веќе почеток на ноември, би било добро да се завршат работите до зимата, но и самиот, уште пред било каква средба со изведувачот, се сомневав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа место, во врска со изведувачките професии, можеше да биде: сцената, кулисите, монтажата - секаде каде што требаше или мораше да се работи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Културната организација на дејството во нашето општество им приредува на таквите изведувачи нешта што би можеле да се замислат како лирски мигови – мошне кратки, минливи мигови на пресудна напнатост, дел од секунда во кој сѐ неизвесно стои на тенка жица.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако таквите изведувачи честопати прават исклучително напорни работи на сцената, за нив не се смета дека постапуваат, туку дека настапуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секој кој бил заинтересиран за уметноста бил добредојден и таму наидувал на пријатна атмосфера.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Конечно, за крај на есејот напишав и нешто што не го мислев; односно, напишав нешто што го мислев за изведувачите на бабарскиот обред, но не и за самиот обред.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Веќе ги спротивставив различните родови положби во кои спортовите и изведбените уметности, соодветно, ги сместуваат машките изведувачи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Повеќе