изговор (м.)

Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изговорот останал ист: да се жртвува, за да се живее.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немаше причина што можеше да го измени тој ред, ниту изговор доволно силен и одржлив пред мајка ми.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Убав изговор да си го направиш надевањето измеќар...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Костумот можеби беше само изговор за посетава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не паметев којзнае колку, но ги паметев главните знаци, транскрипцијата и изговорот и значењето на многу архаични зборови со старословенски корен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му станал туѓ, тежок, речиси неупотреблив и го изненади тоа што беше станал сосема самосвесен за секоја и најмала граматичка грешка или несовршен изговор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наместо да се радувам јас липав и ги лачев сите емоции од претходно како тоа да ми дојде соодветен изговор за изливот на емоции.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имаше нешто неприродно - разлика во времето, грешка во сонот во жената двојство ти во едната рака држеше стрип или викенд роман, со другата ја тешеше, искуството не ти помагаше да го прикриеш „туѓиот говор“, книшкиот изговор мораш, значи пред тебе животот се отвора како покладен портокал дива циклама, праизведба мораш, значи немаш објективна причина туку мотив, емотивна мечта некоја друга Прокна или сестра ѝ Филомела 8 некоја друга Семирамида или прислужничката ах, мамката на анонимните жени отровот на тривијалните судбини барем да исчезневте сосема да не морам да го слушам, да не морам да го повторувам „гласот на ткајачката“ крикот на кросното, јавката на откинатиот јазик, нејзиниот, мојот нејзиниот мојот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тогаш стана од местото со изговор да си ги побара цигарите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Најсовршена именка во секој јазик По звучност кратка и јасна, а толку енергична при изговор.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Меѓу сите изговори што Мајка ни ги кажуваше за да го оправда заминувањето, беше главно аманетот што ѝ го оставил Татко, никогаш да не си ја напушта куќата, никогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие денови, по будењата, се обидував да се убедам себеси дека треба пак да ја посетам Клара, и веднаш наоѓав изговор – во Виена имаше епидемија на пневмонија и шпански грип, и секојдневно умираа стотици луѓе, беа затворени училиштата, театрите, операта и кино-салите, се препорачуваше да се излегува од дома само кога тоа е неопходно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Побрзо да свршиме работа, - рече со изговор својствен на Власите, што братучедите ги потсетуваше на говорот на оние Власи од бачилата брзнички.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие го живеат сето време во еден миг. – Смртта на луѓето може да им биде голем изговор.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Жештината и физичката работа му дадоа уште и изговор во попладнињата да им се врати на кусите панталони и на раскопчаната кошула.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сигурно и вам ви е познат оној став што секогаш го користиме како изговор кога не знаеме што точно да правиме со себе и велиме „само малку, колку да утепам време“, а го кажуваме со длабоко потсвесно сознание дека „времето нѐ утепува нас“.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Само едно беше важно: да остане неподвижен, да остане неподвижен и да не им даде изговор да го удрат !
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе