изгрејсонце ср.

изгрејсонце (ср.)

Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
На него се сеќаваа единствено гладните скитници и бездомници, кои секој ден пред изгрејсонце пред неговата зграда наоѓаа три векни леб.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гривата на планината далеку над нив побелуваше пред изгрејсонцето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Природата зеленокоса, бујна, неразбирлив говор на потокот изгрејсонцето и залезот... Ве сакам браќа Македонци и сѐ што е Македонско.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Охридскиот сакеларија Стефан таму им се радува на светулките кои ги галат сновиденијата на мајчин јазик пред да се слеат во изгрејсонцата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Не ни е недостижно тоа тиркизно небо, ново изгрејсонце, бакнеж со вкус на малина, хоризонт со боја на циклама, ново заљубување и надеж за убав почеток.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животов има смисла кога после голема трагедија ќе го дочекам изгрејсонцето, а зад небесниот хоризонт спонтано ќе се појави надежта и без процедурални забелешки после ужасно лоша ноќ може да започне нов ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
13. ЗАМИНУВАЊЕТО Е ЖАЛОСТ, ДОАЃАЊЕТО Е РАДОСТ - го знае тоа младичот кому здравјето му пука: часовникот во слепоокото на неговата младост полноќното дванаесет со изгрејсонце го чука...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Затоа, еден ден пред изгрејсонце се качи на покривот на зградата во која живееше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Н се врати на терасата. Го изгледа изгрејсонцето сам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сртот на планината блесна од изгрејсонцето така што виделината му го измами погледот на Србина нагоре и не забележа кога ефрејторот се најде зад Шишмана.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го слушам твоето срце како своето, го гледам твоето синило во зраците на изгрејсонцето, се бранувам во очите на брановите, а се огледувам во душата на длабочините.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ставив и залак во ношвите пред зајдисонце, го изедов изутрината при изгрејсонце, ги истрив рацете низ сребрени склопци...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- На изгрејсонце сум се разбудила на еден зглавник со него, бабо, покриени со една јамболија... од една вода сме се измиле... во бела крпа од лебот и пиперна солца сум му врзала... и сум го испратила угоре сè до Самовилската ливада, до езерцата Пелистерски очи... по една темјанушка како нишан си подадовме - Ќе се вратам - ми рече - Ќе те чекам - му реков... и си замина отаде превалецот - како мама што си замина - накај Беласица...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Утредента мамурниот Ѓорѓе уште пред изгрејсонце замина за Качарево.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чекајќи го изгрејсонцето, на мојот полусвесен кантар, го мерев времето, ја мерев тежината на македонската сага: тешка претешка!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа утро ридот зарумени од изгрејсонцето, и најавуваше убав ден, ден над деновите, ден кога се роди тоа мало суштество, дар од боговите дар од природата мајка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Деветото господ ѝ го задржа, и го крсти Трајан за да трае, а Блосоениот по „Блосоените врби“ под кои го изми на изгрејсонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Неговите жртви, на изгрејсонце, се расфрлени овде-онде по ридјето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се најдоа и свидетели, овчари, кои тврдеа дека ја виделе Драганка како копа, точно при изгрејсонце, на Латинска Црква, чекор два, погоре од Кладенец и точно по средината на кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Повеќе