излез (м.)
Луѓето се погледнуваат меѓу себе, готови да го фатат излезот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се занесуваше следејќи ги облиците кои го сугерираа излезот, но никако не можеше да го пронајде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Жолтото јазиче на пламенот се извиваше и бараше излез од стаклото на зачадената ламба.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Солуцијата може да претставува комбинација на автономија за населението свесно за својот посебен идентитет со економска слобода на поголема област и со слободен излез на Солун.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А оваа потврда ќе ја чувате. Ќе ви ја побараат на излезот од Албанија и за користење на нашите патишта ќе платите две евро.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Таков ќе беше излезот од востанието при поголем опит меѓу бугарските дипломати.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Излез за итни случаи - научи веќе еднаш да не ти биде гајле!
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Побара со поглед излез и виде мрак прострелан со два бели снопа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Откако се заколнавме и рака му бакнавме на владиката кој стоеше пред излезот од црковниот двор, тргнавме да си одиме дома.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Нема полошо од да се загубиш на излезот од шумата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таквиот излез од кризата е нешто најарно и за Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Среде овие градби се ширеше пространиот плоштад, можеби единствен со ваква големина на Балканот, со излези кон Камениот мост и главната улица што завршуваше пред Железничката станица.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
И се отвори небото
како екстаза, луцидна за себе
слепа за сѐ друго!
Човек пред човека не се отвора
на таков начин
ни во исклучителните мигови
на премин од еден во друг
и излез
вон себе.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Бев посебно пленет од страниците на овој филозоф кој ја беше промислил суштината на излезот од балканското варварство!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така во еден расказ од тие времиња кога не наоѓав реален излез за еден лик во лавиринтот на верувањето, повикував на припомош стари и нови божества.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сакаше мигум да го запраша чуму му се овие книги, но Татко продолжи: Кога ја читав твојата Книга Книга за спасот спасот на детето, мене ми се будеа асоцијации за лавиринтите чии излези треба постојано да се откриваат на нашиот заплеткан Балкан!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беше влажен. Во него нараснуваше врелина и бараше излез.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)