измине св.

измине (св.)

а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги изминуваме куќите и друго ништо не среќаваме низ селото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да ѝ го најде челото и да ја измине.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Колку ли сме го изминале нашиот женски логор?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И како ништо да не сум изминала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако нема господ, си мислам, тогаш значи не може ништо да се измине и дека нема крај ни висината ни вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се истрча малку напред, ќе нѐ измине и пак ќе нѐ пречека на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Новата година за прв пат се приближуваше со поинакво значење, не за да донесе нови непознати страдања, туку да влезе во убавото малечко главче на Пеличка дека еднаш откако ќе изминат триста и шеесет и пет дена се менува бројот на годините со тоа што на претходната додаваме уште една.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Барав овде да ми изминат часовите до тргнување на возот, но ресторанот бргу се испразни па и јас повторно се најдов на улица и тргнав пешки кон Ахенската станица.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еве, изминува така да се рече и златнава есен, никако да ги слушне очекуваните зборови.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Јас уште повеќе ја наведнувам главата и куцкам околу куќа, олцкам во јалиците, под стреите и гледам побрзо да изминам од пред луѓето. Ама куцањето не е еднаш. 247
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Измина долг пат, гледајќи во таа разиграна баханалија.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Далечен пат изминала ружата додека во „Розовата долина“ ја нашла својата почва.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Времето што изминува секој го мери според своите тежини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во триесет секунди, пред моите очи изминаа триесет години, можеби и повеќе, четириесет, педесет, и јас се видов истоштен и намален, двојник на брадестиот Водомар или на човекот со два гласа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го врзав Чако и колку да ја изминам воденицата, чув како тропа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но за мене како да измина цела година.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ако сте решиле да разгледувате некој павилјон, на патот до него ве сопираат низа други интересности, и, така, додека дојдете до бараната цел, гледате дека денот веќе изминал зашто, како на филмска лента и со филмска брзина, пред вас неусетно се редат - од павилјон до павилјон - мали и големи впечатоци и со нив толку се заситувате па и не ви останува време за да ги средите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ноќта изминува, а Капинка се бапка, се тепа, ја удира главата на перница. Ја дроби сламата во перницата, излегуваат осилки и прашина околу главата нејзина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе