измолкне св.

измолкне (св.)

Неговиот брод паднал на Сонцето. А Сонцето е големо и вжарено и немилосрдно, секогаш е на небото и не можете да му се измолкнете.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Замисли си, да го видиш ликот на мајка си, или на онаа која ти е прилегната до срцето, како се лелее под површината на водата а нема сили да се измолкне надвор и вистински да се покаже.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мајка ми ја измолкна една зима од под сламарицата и ми ја навлече врз другите алишта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Старецот се сметаше себеси за среќник Бидејќи му се измолкнал на фатот на судбината.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Сега некаква треска го обзеде при самата помисла дека може да ја загуби, дека нејзиното бело младо тело може да му се измолкне!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И јас со пиштење му се откинувам и се измолкнувам надвор. И ноќта пак ќе ја преседам на скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Двајца наоружани француски војници се измолкнаа од шаторот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога не можат тие да се измолкнат од дома и сами да дојдат, ги водат со себе овде и жените.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто да не ја замоли Јованка да го потсети на некои од поединостите што можеби не му паднале на ум, не ги забележал, или пак му се измолкнале од вниманието додека ја земаше поканата во оној налет на еуфорија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Господи, јас навистина се посомневав дека си начнат веќе од страдот и дека вистинската болест ќе наиде малку подоцна, кога ќе заборавиме на неа; кога ќе ни се измолкне од вниманието.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Братучедите повторно срамежливо ме избакнуваа и брзо ми се измолкнаа од прегратки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Погледувам надолу и не можам да ги здогледам своите нозе, толку се далеку што ми се измолкнуваат од погледот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А тие, никако да се измолкнат од поплаките и пискотниците. Некакви сенки им шетале по сокаците и по дворовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излезе на чистинката, на снежната белина, па чучна за малку, очекувајќи ги и своите следбеници, па кога уште неколку сенки се измолкнаа од под сенките на дрвјата, волкот претпазливо, лесно газејќи по замрзнатата површина на снегот, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ема ми се измолкна од под мишката и отиде крај прозорецот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако успее таа девојка во бело да се втурне во собата на вујко ми, тој, иако онака антав и во непристојна бела антерија, ќе се измолкне од под чаршафите и ќе потскокне на мртовечкатата постела (како штотуку извадена од водата риба што лудо се фрла по песокта).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зборот, само игра на случајноста или трагач по загубениот поларен свет: помеѓу јатата ситни птици на островот на смрзнатите водопади, со патишта што треба да се изодат пред да станат проодни А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, раскрилен бран што срчено ќе го крепи Ноевиот ковчег во водите без граници Или само фрлен зрак врз твоето мрачно лице што не знае каде спие, кај се буди, А сонува Атлантиди во ѕвездениот архипелаг Зборот, потоната надеж и измолкнат крик од молчеливите води.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Го вадам ножот од пушката, пушката ја оставам, и се измолкнувам од окопата, ја префрлам. И лазам со ножот в раце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Најпосле, ја измолкна свирката од градите, даде знак да се постројат девојките.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Повеќе