иницијатива ж.

иницијатива (ж.)

По нивна иницијатива во почетокот на деведесетите години се образува едно национално сепаратистичко движење со цел да се одделат интересите на Македонците од бугарските со издигнување на едно од македонските наречја на степен на литературен јазик за сите Македонци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Всушност бев рекол дека секоја иницијатива е в ред но под услов да не се пречекоруваат границите на разумноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да беше иницијативата во востанието грчка или српска и да знаеја тие народи оти востанието ќе биде така силно, не гледајќи на никакви неблагопријатни прилики, ќе објавеа војна, па макар таа војна да се свршеше со полн пораз нивни.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Така Камилски сега можеше слободно да му ја препушти иницијативата на Татко, кој во тој период ревносно ги читаше делата на балканските книжевни класици, особено оние од првата половина на XX век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го замислувал својот пријател како во првиот повоен пролетерски универзитет можел да предава за универзалноста на индивидуализмот кога тој овде се задушуваше на секој чекор од насилната колективизација на селаните до задушување на индивидуалната иницијатива на приватните занаетчии!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во дадениов случај најарно е иницијативата и најглавната улога да е во рацете на најзаинтересираните големи држави, коишто најарно ги знаат нуждите на Македонците”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Губеше иницијатива во овие решавачки мигови, па мораше сосем да му ја препушти на градоначалникот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие од Македонците што добија образование во Бугарија ја зедоа иницијативата за ослободување и тие досега ја играа, може да се рече, не само главната, ами и исклучителната улога.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На твоја иницијатива посетивме една локална плажа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Еден овдешен граѓанин вели дека доволно е да имаш малку памет малку среќа ил само среќа и иницијатива, за да можеш да спечалиш барем толку за да се нахраниш со она парче леб и риба што се продава во кајаците кај „Галата“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
При следното одење во кино Филип не чекаше пак иницијатива од мојата братучетка за да ме допрати до дома. Самиот ми пријде и ми се понуди.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас сакав да се потфати и повлече конецот на иницијативата, духовноста!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тато Петре ја крена Мими на раменици, како што тоа го сторија многумина татковци, убаво гледаше и се вклопуваше во секоја иницијатива што одекнуваше откај бината.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За првиот приватен театар во Бугарија „Ла Страда“, формиран уште пред петнаесетина години, се сетив деновиве кога во дневниот печат прочитав дека има иницијатива за формирање на два приватни театри во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На сите нив, од друга страна не им беа доволни зафати, зафатите врзани за подобрувањето на политичкиот статус на еврејската заедница, ниту неговата прва, а така благородна иницијатива, за обезбедување домови за сиромашните членови на солунската заедница.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На негова иницијатива, еден тиражен весник отвори специјална рубрика, во која доктор Миха еднаш неделно одговараше на прашања од читателите; читателите се јавуваа со иницијали, со псевдоними или анонимно, изнесувајќи свои случаи или случаи на свои; а доктор Миха им одговараше опишувајќи различни слични случки од својата псијихатриска практика, гарнирајќи го тоа со популаризирање на најновите достигнувања во таа област, и, се разбира, почитувајќи го интегритетот на своите дотогашни пациенти со тоа што наведуваше само еден иницијал од нивното цело име.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Градот реши, на иницијатива на четириесетина потписници, да ме прогласи за почесен граѓанин, во знак на благодарност за придонесот на моето книжевно дело, односно за придонесот за балканската книжевност, што овозможи мојот роден град да стане познат во светот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мора нешто да се стори, за подобрување на состојбите. –упорно сакав да наметнам разговор за иницијативи за промени, но не ми успеваше, секој беше навлезен во својата лична приказна...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Иницијатива, амбулантата каде што ти работеше толку години да го носи твоето име.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Повеќе