инкомпатибилен (прид.)
Авторот разликува секојдневни и гранични ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Следи испитувањето на структурата, одликите, и модусите на телеолошката заднина; проследување на проблемот на заедничката телеолошка заднина како и проблемот на несубординираноста на телеолошките заднини која се открива во различни ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Врските меѓу литературата и филозофијата се покомлицирани отколку што, се чини, мислат оние што ми противречат. Од ваша перспектива значи нема инкомпатибилност помеѓу разни жанрови?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Покрај тоа, согласно претходно спомнатото пропишување дека занимавањето со земјоделска дејност целосно е инкомпатибилно со статусот невработено лице, отпочнувањето со вршење земјоделска дејност, без разлика на остварениот приход, од 2004 година повлекува престанок на водење евиденција за невработеност (чл. 10, ЗИДЗВОСН/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
И покрај некомпатибилноста со нашата внатрешна легислатива, особено од сферата на македонското деловно и трговско статусно право, кое воопшто не ги познава и не оперира со зборовите „претпријатие / компанија / фирма“ – сепак, авторите на оваа студија решија да ги употребуваат овие 221 термини, првенствено од практични причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Јас сум инкомпатибилна. И таму. И овде. И на било кое друго место. Мојот ID повеќе не вреди, мојот пасош е застарен.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)