информација ж.

информација (ж.)

Младите умови изложени на слободното ширење на електронските информации одеднаш расцветуваат како цветови во пролет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но точни и проверени информации се добиваат при многугодишно упорно работење, и тоа кога се работи со свеста дека со работењето се исполнува долгот кон татковината и кон својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Од своја страна членовите на британските воени мисии со посебно внимание ги следеле тие информации.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Новата информација од главната сестра ги упати во собата кај дежурниот лекар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така мораше да се случи и со газдата на арабаџиите и покрај релативно поволните информации што ги доби за него верскиот поглавар Афз Б од доверливи извори од старата чаршија и од оџата на најголемата џамија во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш се рашири информацијата дека во автомобилот бил грчкиот конзул, од Солун директно дојден на многу итен и важен состанок за балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја примив песната како информација за актуелноста на поетскиот дискурс.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Слушаме радио, читаме весник, а таму куп информации за несреќи во светот, за глад, за немаштија, за војни, за ропство, за земјотреси, за поплави, а нас сето тоа нѐ растажува, нѐ боли.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Помислете само дека електронската информација го урна берлинскиот ѕид.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во типологијата на писмото, алфабетот го зазема највисокото место затоа што претставува најекономичен систем во поглед на количеството на знаци, неопходни и достатни за потполно бележење на говорот и за пренос на информацијата на растојание.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаме информации дека во битката за Гревена храбро се бореше и за покажаната храброст е унапреден во водник.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие се активираат истовремено но за нивната работа да успее секоја треба да ја добие соодветната информација (за правецот и обликот на предметот респективно).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Електронските мемории допуштаат критичко елиминирање на таквата информација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во тие информации се истакнувал и потпишаниот договор меѓу Тито и отечественофронтовската Влада на Бугарија за вклучување на бугарските единци во операциите за ослободување на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Неговите информации ги исфрлиле на површината партизаните предводени од комунистите како единствени носители на отпорот во Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
До нив допреле и информациите дека одредени партизани од единиците на ЕЛАС сакале да ги напуштат нивните единици и да им се придружат на македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Поради неможноста да се добијат информации од прва рака, Владата на Неговото Височество не можела да заземе став во однос на настаните во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според расположливите информации немало никаков доказ кој би навестил дека „преминот на британските личности би успеал преку територијата окупирана од Арнаутите северно од Скопје.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во еден миг, во една информација за војната спикерката на радиото нагласи: Доколку престанат монсунските дождови ќе продолжи бомбардирањето на виетнамските позиции...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе