искашла св.

искашла (св.)

Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се мачи да се задржи, но не може, смевот избувнува експлозивно. Се искашлува силно да го прекине.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога му заврши шурката, Лабро се искашла и плукна со гнасна плунка и пцовка, велејќи: - Господ да даде никогаш под нашето небо оваа крпа да не се вее! - тој се сврте кон ѕидот, напучи газ и гласно прдна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ние накашлај се, тие накашлај се, искашлај се.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можев да му го видам лицето но разбрав по брзото суво искашлување дека е лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Тој сѐ понаретко дроби за стравот, кратко и болежливо се искашлува. вика во бунило, моли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Татко го фрли опушокот во огништето, се искашла, плукна во пепелта и рече: Ова и од Турците го немавме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Излегоа испрашени Алајко Ошев и Мире Ирчев, ја истресоа прашината од палтињата, ги стегнаа вратоврските, со трева ги светнаа чевлите и чантите, се искашлаа длабоко, се забришаа со шамивчињата, и се погледнаа со истата сериозност со каква и тргнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некој ѕвони, „кој е па овој сега?“, го навлекува џемперот врз маицата, се искашлува, ја отвора вратата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Некои се искашлуваа, ’ркаа и плукаа врз тротоарот. Леле, ама култура на урбано живеење!!!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо префрлуваше еден или два листа, се искашлуваше и велеше: - А сега ќе пееме заедно: „Мама меси“, „Баба пренди“, „Тате ора...“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се искашла. И го почна раскажувањето: - Во нашето село имавме две даскалици. Марија и Софија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Босиот се искашла и продолжи накај Прилеп.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Циљка се искашла и продолжи: - Даскапот од дома излезе тивко, одвај чудо зад себе затвори врата, молчаливо го прегази дворот и зашлапа во тесното калливо сокаче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тета Дитка имаше право. И последното, душманско искушение, чичо Ѓорѓи го ублажи со музика. Веќе искашлуваше крвави грутки.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се искашла со валканата чизма јa згмечи цигарата и рече: - Ние денес до пладне ќе бидеме заедно и заедно ќе учиме.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)