исклешти св.

исклешти (св.)

Се исклешти и ме тресна со шака по рамо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Понекоја бугарско-кинеска јакна, со неиндентификувачко чудовиште или исклештен змеј со премногу канџи и премалку заби, хибридно се вкрстуваше со модерно палто на млада госпоѓица која сѐ уште нема, или има освоено многу одважен маж.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше тромав и не се надраснуваше за да се исклешти кон тоа клештење.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Таа на прозорецот – тој врз завесата, таа на плафонот – тој врз креденецот, таа на креветот, а тој... под креветот, потоа таа кај вратата, а тој над масата и ги исклештил забите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Еве, само ова му го пренесов, а потоа, за да обезбедам отстапница, се исклештив сосема непотребно додека објаснував дека сум имал впечаток оти зборовите на Ристе декоратерот ми се потсмеваа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се исклештил пцуејќи или повикувајќи го Пророкот како сведок на една споулавена но достојна храброст на вистински борец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Докторот се исклешти и го потчукна по раката: „Мене, синко, раката ми прилега сосема нормална. Си имал единствено треска.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Префрлувајќи ја водата од тушот во славината, ја измива спермата капната над коленото. – Ќе сочекаме ­– се исклештува жената и мажот, на малечката ѝ се примочка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Крчмарот се повлекуваше и тој уште повеќе се исклешти. „Чекај... Каде? Сакам да платам.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Повисокиот тревар му рекол дека ќе му се покори, бездруго ќе му се покори на ножот; лицето уште повеќе му заприлегало на мудар лисец што се готви да се исклешти за своја сметка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Крвта повеќе мие од водата, се исклешти, глув за истрелите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Не сум питач, со закана стушено се исклештил Онисифор Мечкојад; забите не му се гледале од густата четина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добро беше што го праша дали некаде се должи себе си со таа вар и со таа работна рака и со сите тие килими, на што тој ти се исклешти: „Знаеш, претседателска куќа, може да дојде секој, и...“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сретнавме под прозорецот на Ана - тој со дигнати раменици како да ќе полета, самоуверен и исклештен, јас подведнат, намуртен, лут.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се исклешти: „Запалив, и не само тоа. Убив. Еден од нив, црн, со очила.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги склопи очите. Воздивна. Ги исклешти забите. Попука во шавовите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Чудно ми чудо”, се исклешти Тодора, „и кравана имаше теле, па што, да не се знае кој е волот?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Или додека ме прогонат (замисли - не како злосторник или никаквец туку како луд!) да ги исклештам своите крмначки заби и да се удавам в ракија?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)