исклучив прид.
исклучиво прил.

исклучив (прид.)

На пример, во нивните напори да стекнат исклучива контрола над одредена територија, павијаните ги поставуваат мажјаците кои изгледаат опасно на рабовите на таа територија, кои практично се однесуваат како граничари.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Освен тоа, се јавуваат критички гледишта наспроти постоечките верзии на Постмодерната (пред сѐ наспроти чистиот историцизам и еклектицизам и наспроти исклучивото самоволие).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Навидум исклучив сѐ друго, и луѓето и светот, но знам дека тоа беше така затоа што тие луѓе и тој свет беа премногу, на подзатскриен начин, присутни во тие мисли.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
119 Иако трговскиот центар сака да се легитимира себеси како вистински центар на заедницата, заедницата што тој ја создава е исклучива по социо-економска линија: несаканите урбана групи како што се бездомните лица и сиромашните немаат право на влез.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Појавувајќи се во 17 и 18 век, во европските кафеани и салони, а подоцна и во памфлети, списанија и весници, идеите, медиумите и институциите и практиките кои придонесуваат за „критичко себепромислување и размислување за државата“81, т.е јавната сфера, првично се појавува во исклучивата средина на машките/ буржоаски/бели простори.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се прости веќе од сништата на младоста, но не може уште да се помири со едно: дека го градел својот живот на погрешна основа и дека она, во кое ја подозирал својата исклучива талентираност, се исцрпило со најпросечен домет што дури и не се повторува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Втората реакција се бесот и презирот кон стварноста и повлекување во некој свој внатрешен (виртуелен) егзил, исклучив и самодоволен, но би рекол, не баш толку среќен. – Стигнавме – ме прекина во невеселите размисли пријателот – новинар.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На пример, „домен на прикладност на конструктот A претставува подмножество на доменот на прикладност на конструктот B”, или „домените на прикладност на A и B се заемно исклучиви”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Разликата помеѓу видот хумор кој е општествено вклучителен и видот хумор кој е општествено исклучив претставува дел од една поширока културна поетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што е тоа што таквиот пристап може да ни го каже за сентименталните, за афективните или за естетските димензии на геј- идентитетот, вклучително и за геј- сексуалноста, а што не може да ни го каже некоја исклучива загледаност во геј- сексуалноста?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
(...)Нови форми и граници чиешто значење е нејасно или 50 Бауман (и низа други теоретичари) го преферираат терминот ’глокализација’ наместо ’глобализација’, нагласувајќи ја меѓусебната врска меѓу глобализација и територијализацијата/ локализацијата како взаемно исклучиви но истовремено и заемно поттикнувачки процеси.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како исклучив идеалист многу лесно станува жртва во стемпедото на идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)