искрено прил.
искрен прид.

искрено (прил.)

Една насмевка ќе е доволна да ја разбудам нежноста во секое магливо утро, а нашите изгубени души ќе се пресретнат длабоко во ноќта во твојот и мојот сон и можеби таму искрено ќе се исплачеме и ќе си простиме...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако гледаме така на трудот и ако искрено сакаме да се оддолжиме пред нашиот народ, тогаш не ќе се извинуваме дека нема почва за културно работење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па до приказни проследени со плач и искрено чувство на губиток.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во својата душа дедо Димо искрено ја држеше страната на Дуковци, цврсто се радуваше на нивната тврдоглавост, па кога утрово ги виде како жнеат, она негово „Да ви се позлати српот“ беше најубава желба што еден селанец може да му ја упати на друг.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Утре ти е слава, му говореше жената искрено мразејќи го пожарникарот со бели клепки. Ќе викнеш ли некого од своите колеги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со таа идеја искрено се согласи и самиот свети Ксавиер, кој претпостави дека овој член на неговата дружина сака да го воведе во Јапонија одгледувањето на западните лековити билки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Толку искрено го постави прашањето и ме погледна право в очи што не можев да скријам. А и немав зошто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оти нивата зимава премногу јачеше и сепак нов ја заора плут а Минца иако искрено плачеше можеби пошла за друг.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Оддеднаш фигурата на брат му, која лебдеше пред неговиот засенчен вид и нераспознатливост, стана реална, широкото и искрено лице со својата природна добрина и љубезност се појави од замаглената светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стариот учител искрено го жалеше овој млад човек за кого што имаше слушано од другите колеги, дека често го обземало очајание и досада, но си мислеше: ќе му мине; отпрвин сите се лошо расположени, а после свикнуваат, дури по некои и го засакуваат со целата своја душа селото, штом ќе ја откријат смислата на својот свет учителски, позив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нејсе, јас искрено сметав дека не му беше местото помеѓу нас.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Искрено ја љубеше таа отвореност на гласовите и просториите, разголеноста на убавите жени, самодопадливоста на мажите.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тие проникнале дека неговото доброчинителство не е искрено, туку има за цел нив да ги потчини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Искрено речено, многу предмети и немаше: во аголот еден стар железен кревет, мала масичка со две столчиња, црн шпорет каков што јас до тогаш не бев видел, еден чуден орман, кујнски прибор на една полица и на ѕидот над креветот - неколку пожолтени фотографии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Затоа, со желба да го избришам од мислите на вашите еминенции и на секој верен христијанин ова моќно сомневање што беше со право изречено кон мене, со искрено срце и со вистинска вера ги отповикувам и ги негирам споменатите заблуди и кривоверства и воопшто сите заблуди и кривоверства и дејства спротивни на светата Црква; се заколнувам дека нема во иднина никогаш да речам или да тврдам усно или писмено нешто што би можело да фрли врз мене слично сомневање, и доколку ми се случи да сретнам кривоверец или некојшто се смета за таков, ќе ја известам светата инквизиција, инквизиторот или прелатот во местото каде што живеам.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Горе на чело, меѓу нив, црна точка е претседателот на Републиката кој искрено се радува заради чинот што му претстои, чинот да ми ја додели лично највисоката чест што воопшто може да се додели: забратката за вонредни заслуги.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Значи, тамам почнав да мислам кои градови и држави сум можела да ги научам играјќи ја играта, а да се поврзани со Индија се сетив на првата грешка што ја направив со Игбал при запознавањето и решив да му признаам: - Не знам ништо за Индија – реков искрено и олеснително здивнав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Искрено Јана, во метежот во кој се најдовме сум го затурила некаде именикот. Денес го најдов и сега ти се јавувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе