испере св.

испере (св.)

Трагите и локвите крв ги покри снегот и бури од дождови ги испраа и ги однесоа во неврат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не оставам и пелените да му ги исперат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Никого не видов испран и пресоблечен во ново.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така нѐ научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Меѓу себе зборуваа, па и се караа, за националните и за либералните, како секогаш, па дури и за водата се замераа, кој што повадил и колку потрошил, дали се искапил или испрал, дека волојте пијат повеќе од козите, или овците повеќе од кокошките, но сето тоа си остануваше нивно и меѓу нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со заби ја прегриза папочната врвца, со влажна крпа ја изми, се испра сама и дури потоа повика некој да дојди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама нема кој друг да ти испере, да ти спастри.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овчар бил. Еден ден, кога му дошол редот, другарите ги скорнале овците, а тој останал на бачило да го премести трлото, да ги измие каците, да ги испере цедилата и да стори сѐ што требало за да можат вечерата, кога ќе ги измолзат овците, да го спастрат млекото.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Нејзината цел била да ја испере нечистотијата насобрана од работата на оние кои се задолжени за одржувањето и развојот на седмата уметност, односно на кино индустријата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Ракијава ме загреа. Ќе побарам поток и ќе се измијам. А можам и кошулава да си ја исперам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Слобода е кога на улиците ќе се исфрлат и истресат сите сандаци од мемливите тавани, сите постели со влажен памук, кога ќе се истребат сите лебарки, подрумски стаорци и маларични комарци, кога сите куќи ќе се бојадисаат во бело, сите прозорци ќе се отворат, сите алишта ќе се извријат и исперат во изворска вода и ќе се остават на пролетно сонце да се сушат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И ни даде човекот, со снебивање ни даде. И зедовме, ги засукавме ракавите, му исправме и му ги спруживме алиштата да се сушат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ВЕРА: Ме изеде срчка да те изеде. (Поставува за јадење.) Што попрво да сторам? Дали да изметам, дали да исперам, дали да зготвам?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше чисто испрана и тоа тука можеше многу добро да се види.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веќе не сум преокупиран со гладот или вошките, носам испрани и чисти алишта, повеќето сум во костумот што ми падна на лотарија во Гаково, косата измиена и со патец настрана, снагата капена во бањата кај градската болница, а не сум ни гладен, бонлук леб и мрсно, па кога се враќам од часови, сечам голема фелка леб, ја мачкам со сало и врз неа ставам леени колбаси, едно или две куси коматчиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе работиш, и ќе лусниш! Сака да се измете брлогот, да се испере, да се стори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Уличките тесни, калдрмата чиста, мазна и испрана од дождот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Таа овците ги истрижи, најпрвин ја испра волната, па ни изнаплете чорапи, џемпери на сите во куќата, зашто сѐ што имавме беше дотраено.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, знам, кога сонцето на запад ќе сфали, треба дрва да се зберат и треба жената да ми ја испере кошулата, треба да се чисти пајажината што сѐ повеќе се фаќа во појатите на душата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе