испече св.
испечен прид.

испече (св.)

АЈВАР Испеков пипер Направив ајвар Продавам тегли
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Малите чеда ги обув, ги облеков во пљачки нови - како за празник и за црква, погача и кокошка им испеков и со молитви - благослови ги допратив до граница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Компирите ги испековме во пузата в огниште.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Гревота е да му ја дадеме на бегот да му ја испече на валијата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Секоја куќа била должна да му дава по еден печен вол на ден за да јаде; кога дошол редот на Чулко Заумко, тој се послужил со итрина: го испекол волот и го премачкал со отров што го собрал од многу отровни змии; кога змејот го изел волот, се отрул.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но - откако светата инквизиција ме запозна со наредбата да не верувам веќе во погрешното мислење дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи, и ми забрани да го застапувам, бранам или учам било усно или писмено ова погрешно учење; откако бев запознат дека споменатото учење е спротивно на Светото писмо; дека напишав и испечатив книга во којашто го објаснувам ова осудено учење и го втемелувам мошне убедливо, без да дадам дефинитивно решение - за тоа бев мошне осомничен за кривоверство, значи за тоа дека сум верувал дека Сонцето е центар на светот и дека мирува и дека Земјата не е центар на светот и дека се движи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се борат и валкаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Барале и не нашле сунѓерести печурки, наречени смрчки, да ги испечат на жар и само ретко, понегде, можеле да им го грабаат на животните ланскиот желад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Во бутинот избиј го маслото, исчисти ја куќата, смети го дворот, испечи го лебот и потоа дојди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Цел месец не се смилува да фрли некое покровче пред жешкото јулско сонце, та така ги испече на животи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Штом сеизедливиот оган ги испече добро, откако жарот се ’згаси, под дебели сенки дружината наша се собра: песната долго се гласи.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Еднаш или двапати во неделата сукаше зелник и кога ќе станев, тој веќе го испекол а јас ќе го најдев уште под вршникот, топол, за да појадувам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Свари полно котле качамак, го прели со врело масло, испече и сланина, стави врз него и грутка сирење, па јадеше како да е царска гозба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога прасето го средија и испекоа месо за јадење, седнаа сите да јадат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Требаше и неа да ја испечам, да не го правеше овој пакост”.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сите беа убаво испечени и богато нарисани со плетенки од некоја источна орнаментика.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И народната поговорка која гласи: „Првин добро испечи, па потоа речи“ ни кажува дека треба да внимаваме што зборуваме, како зборуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Повеќе