испружи св.

испружи (св.)

Високи ридови, некои голи, каменети и карпести, столетни борови и шумите мрачни, студени водје ги делкаат клисурите, а ноќите ведри и небото извезано со ројови ѕвезди и се чини толку се блиску, што само рака да испружиш и ќе ти легнат на дланка.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тате гледаше цела една минута кон Марс. Потоа наслепо ја испружи раката кон мене.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тетин Доне ја разгрна ќурдијата, ги поткрена клашите, едната ја испружи крај софрето натаму, а по коленото од другата се удри.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тие дни му даваа само леб и вода, но Толета повеќе го истошти бессоницата, оти немаше каде да се испружи да преспие.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Старецот покриеното со крпа го испружи далеку пред себе и со претпазлив од на полуслеп човек дојде до десната страна на коњот на садриазамот, се поклони дури додолу до земјата и ко се испрај, пред да го крене високо и пред да му го поднесе на Турчинот, покриеното со крпа го отскри, беше леб и сол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја испружи раката кон неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Коњот исцвили, ги испружи предните нозе и застана како закопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја испружува раката до масата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
И ќе ги испружи нозете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оторбешено седнат на дното на ровот, на сувата, прашлива црвеница, со нозете расчекорено испружени вдолж пред него, Шишман или копаше со петицата или со нокти чепкаше пред себе како некое куче што готви криење на коска.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Испружен на грб ременот на панталоните и јазлите на кондурите одврзани очи замижани раце прекрстени една врз друга на стомакот и едно вито, бело стебленце извишено покрај мене како свешта над глава. Како помрачен вежбам некаква смрт.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Инаку, ни за мангар не го бива; но зашто е голем, добро ќе му дојде на Иса да го испружи колку што е долг, така Исо ќе си ја умножи славата, без ништо да изгуби, а селаништето ќе научи во иднина да не се перчи дека нема помаж од него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Крвта бликна и му го облеа лицето, а Толе збесна. Со еден скок го фати сега за гуша Аќифа, му го откина јатаганот и, дури да посегне Толе и дури да го спречат другите ораџии и сеирџии што се загнаа да го откинуваа, Толе замавна и тилот од Аќифовата глава се оддели од другата половина и Аќиф се испружи на сред чаир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја помириса кожата и потоа ја испружи долната вилица со долгите, тенки заби, а влакната од брадата ме допреа по прстот и малку се наежив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се вртам кон следните гости и со наклон и рака испружена ги канам да повелат да се фотографираат со младите, а тие се редат во групи - дедо, баба, мајка, татко и деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го зема горниот и внимателно го разгледува. иставајќи го постепено колку што може да ја испружи раката. Тоа е цртежот со бронзениот бокал.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Еднаш месечно го правев оној питачки гест – ја испружував раката за во неа да добијам од брат ми пари за живеачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога одекна плускот на шамар, неколку од нив одеднаш станаа, возбудено погледнувајќи кон сепарето, но Тихомир ја испружи раката пред нив како рампа, давајќи знак за смирување.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе