истрага ж.

истрага (ж.)

Според нашите податоци, откако имате откриено дека на вашиот добродетел Чардаклија му е изречена и казна, вие се впуштате во проверка на утврдените факти, ги потхранувате луѓето од селото со некои свои вистини, а во прибирањето на податоците не ги заобиколувате ни најблиските на обвинетиот кои сосема разбирливо секогаш ја застапуваат страната на обвинетиот; со еден збор, вршите своја приватна истрага со противдржавна намера.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кутрите, уште не научиле дека минато се и сите скришни љубови, па да го постават клучното прашање за истрагата: навистина ли се само обично минато скришните љубови при толку живи бивши љубовници?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И тој си ја презеде истрагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Атеистичкиот музеј се чуваат и документи од истрагата за докажаната вина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Работата на Судот била тајна, што давала повод да се прават разни претпоставки за објективноста во водењето на истрагата и на самото судење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вршејќи истрага околу ова убиство, властите успеале да откријат оружје и да ја откријат месната организација, а потоа, преку средства познати од времето на инквизицијата, успеале да ја откријат конспиративната мрежа на Организацијата во Штипска, Кратовска, Паланечка, Радовишка, Кумановска и Малешевска каза.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
3. Сега веќе знам: истрагата е од 11 часот навечер до 5 часот наутро.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
11. Ми го донесоа записникот од истрагата. Да го прочитам и да се потпишам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На кој јазик сакате да се води истрагата? — Ако може на македонски...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кој е поводот за покренување на истрага во врска со неговото божемно вмешување во случајот на Симо Чардаклија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие можеа да бидат утврдени со истрага, можеа да бидат исцедени со тортура.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
При водењето на истрагите тие не го менуваат принципот; во најдобар случај, кога нешто им е многу итно – на пример некоја голема награда – ја прошируваат, или преувеличуваат старата практика, без да го сменат принципот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вториот бил помалку јасен и Херкулина била предупредена и опомената дека следниот пат ќе биде подложена на детална истрага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— По кои докази? — По оние што ни беа доставени во истрагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Три недели пред да се поведе истрага во врска со скапоценостите на Баручиеви оставени за чување кај спомнатиот Чардаклиев, Груев беше на пат, беше отсутен.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Централата прераснуваше во балканска оракула која ги кажуваше, одредуваше новите жртви, располагајќи со нивните души, ги распоредуваше нивните судбини, располагаше со нивните души трагајќи по нивните тајни во грозоморните истраги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Воениот суд истрага вршел и врз другите затвореници.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јас сум Наталија, вели, колку време бевте под истрага? Многу, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Пред започнување на спорот со првичната Агенција за обезбедување и истрага тој околу седум месеци, од февруари 2007 година, работеше како работник за обезбедување – сѐ до критичниот момент на настанување на проблемот, во септември истата година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе