истрел м.
истрела св.

истрел (м.)

Трчаница влетуваат во првите ровови. Истрелите папсаа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ГУЛАБИ Јатото гулаби наеднаш пркна од дворот сини диви исплашени не од истрел ни извик детски ни закана.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш - истрел и по него долг автоматски рафал.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Полицаецот почна да урла. Два истрели беа доволни за неговиот глас да се смири и тој и неговата партнерка никогаш повеќе да не прозборат. - Децааа бегајтееееееее!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Другите гласно се смееле. Од мракот на куќата или кулата им се придружил истрел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- И сакам да знаете, а тоа значи добро да запамтите, дека со еден истрел, тоа е најдобро... со еден истрел да погодиш, зашто во спротивно ќе те погодат тебе од ова за кое рековме дека се вика пушка.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И во мигот на радоста, одекна зад него истрел и сети како куршумот му се зари во грбот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чу истрел и виде долго тело во кабаница за дожд легнато на калдрмата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Наслушнував, немаше гласови. Долго време седев а се слушаа само истрели од далеку, а никој не дојде торбите да ги земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Решеноста во неговиот писок беше толку тврда, што во неговиот глас се извиваше и прашањето дали тој сега воопшто би отстапил пред истрелот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Следуваше звук на истрел и пред него со огромна брзина се редеа чудни слики на кои не им го знаеше потеклото (знаеше само дека не е во кино).
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Селото заприлега на зовриен казан: од сите страни одекнаа истрели.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Однадвор згрмеа петарди и истрели.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Околу полноќ, по многуте попусти истрели во заштитничкиот камен, преку луѓето минал бран кобна тишина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште следниот миг тоа можеше да го сети добро врз својата кожа и мечката од другата страна на таа снежна странка; нејзе тој многу добро ѝ го покажа тоа уште со првиот следен истрел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но Борис Калпак и по истрелот стоеше со кренати раце некако потсмешливо исклештен над крвта што се цедеше од едната негова плешка, бездруго и од градите, иако јас тоа не можев да го видам, па веднаш другиот измеќар го принесе врвот на својата кубура до устата на ранетиот и сепак несовладан бунтар и истрела, нѐ заглуши и нѐ заслепи, мене можеби само, нѐ покри со чад и со црвен блесок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додека околу нив се мешале извици, истрели и блиски далечни грмотевици, вториот раненик, оној, преку чии очи минал шрапнел, лежел ничкум и копал со нокти и заби под себе и пцуел, пелтечаво и тешко, под контузија - и султанско знаме, и паши, и вера, Тој до него, со две парчиња од војничкиот ремен ги стискал нозете над коленици за да не ја изгуби крвта и со неверување слушал во зачуденоста без чувство за болка, за еден миг заборавајќи си ја судбината: кауринот, на кого му е укажана чест да биде војник под зелен бајрак, не атакувал за да ги убива оние што ги зеле да се бори со нив за нив, милосливите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Повеќе