истрошен (прид.)

Ова семејство беше речиси истрошено од непредвидливите селидби, од судбината секогаш да се свикнува со нови дотогаш непознати луѓе со нови обичаи, со оставени блиски, куќи, ниви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Негде се кинеше на слогови невесел и истрошен глас, песната од ослободеното грло беше сонлива и лазеше несигурно по земја.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пресметуваше дали ќе може да покрене хидроцентрала со својата попусто истрошена енергија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еден ден, можеби Утре ќе сетиш белег мал на твоето Лито, истрошено тело И ако си мислел дека пророк си бил Дека си некој си Лутер Или дека победи, битки извојува Бедник си, знаеш, не си за лутење Или мислеше Троја – твоја ќе биде?
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Внучката радосно дотрчува и по неколку минути, држејќи се за раце, излегуваат од зградата на хотелот, и се упатуваат, под истрошеното сонце, кон колибата, полуурнатата куќарка со празни прозорци и врати на другиот крај на плажата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Мачорот отиде до прозорецот под мрежестата ограда и ги вкопа своите канџи во истрошениот дрвен страничен ѕид.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
О'Брајан се наведна кон него, намерно доближувајќи му го истрошеното лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вон тие ѕидови, на чистинката опкружена со шумичка, на камениот пиедестал истрошен од времето една фаунска прилика се клешти меѓу зеленилото. Тоа е голиот Пријап.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, во исто време се плашеше дека тие би можеле да го дотолчат неговото уморно и во голема мера истрошено тело.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Заштитната облека што ја користат ја добиваат еднаш на неколку години, па обично е истрошена и стара.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но телото беше конечно истрошено, само духот го доодржуваше.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Но знаеш некако, немам мотивација се чувствувам истрошено.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
На крајот, флуидот супер его, ќе биде толку истрошен, бескрупулозно исцеден, испиен, изеден и на сите можни начини столчен.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Беше прашање на ден кога истрошеното тело на Јана ќе ѝ подлегне на болеста, која како ловец беше спремна за последниот напад и докрајчувањето на пленот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да, драга Ема, во Равена мојот Јирачек, моето сонце, веќе ме чека, јас знам дека ме чека Јирачек и ги мерка тие стари, истрошени европејци, тоа се истите оние од Вацлавске Намјести, кои како река доаѓаат од секаде за да си го дотрошат животот, желни да брцнат со прст или со нос во нешто младо, убаво; пари даваат за тоа, душа даваат за тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ве чекав и ве дочекав Како прашина од истрошен камен Студен камен во очите на змијата Тежок камен во очите на орелот Сив камен во мојата душа.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Пред неговата мисла остануваше да биде попусто истрошен и сиот тој напор од минатиот ден, и сите превиткувања на неговото тело по проклетата, непробојна кора на снегот и сета негова прегладнетост и страот, и бегањето, а и оваа безизлезна прибраност во крошната на старата ниска бука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„ Ти си мислеше понекогаш“, рече О'Брајан, „ дека моето лице - лицето на еден член на Внатрешната партија - изгледа старо и истрошено.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Понеделник наутро, тој е сѐ уште во долна облека, седнат на креветот каде стуткани се испомешале ќебето, перницата, пижамата, со сувогорчливи усни, по глупо истрошениот викенд.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ова ми доаѓа како одговор на најглупавото верување дека мажите се поинакви и поразлични од жените во средните години и дека најголем грев е да општиш со истрошена жена која „веќе не може“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе