истуши св.
истушира св.

истуши (св.)

После ќе појдам кај Оливера Поточка Форевска, ќе ја побарам за да се истушам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Надвор шумеше реката, црцореа птиците, се валкаа драскотливо одвлечените гранки од бозелот, и звуците стануваа сѐ посилни, како да се наткреваше сводот небесен давајќи им простор и широчина, за да се чујат што посилно, како и болките на луѓето што се таеле, а наеднаш ќе се истушат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа токму во таквите најтешки и ризични ситуации човек има потреба искрено да проговори со некого. Да се истуши што се вели.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)