кавалџија м.

кавалџија (м.)

- Кавалџијата Ангеле извива копнежливо чекорејќи назадечки од почетокот кон крајот на орото - кајшто се момичките првпат фатени.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Еј, момичките си го играат првото моминско оро - си вели кавалџијата Ангеле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кавалџијата Ангеле си потсвирнува за своја душа - под око подгледнувајќи ги невестите и момите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кавалџијата Ангеле уште не ја беше досвирел песната за очи момински - бадемлии, а тапанџијата и зурлаџиите веќе излегоа среде па да грмне орото за млади мажи и момчиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Очите не ги крева, а кавалџијата пред неа застанат милно извива: - Девојченце, девојченце, љубиш ли ме мене?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)