каде (сврз.)

И јас за дрво си плачам, што се вели, сум дошла од којзнае каде и, овде, во Сибир, ќе го бранам социјализмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нема сомнение дека најлесно тој ќе го реши прашањето за јазикот во училиштето и во месната управа во тие места каде што живеат патријаршисти со грчки јазик, Арнаути муслимани и католици и Турци муслимани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако религиозните и националните пропаганди не посакаат да го воведат нашиот јазик во своите училишта, се разбира дека само таму каде што живеат Словени, и ако им забрануваат на своите учители и попови да другаруваат со македонската интелигенција и општество од другите пропаганди, тогаш македонската интелигенција и народот, без разлика на пропагандите, треба да изнајдат пат со којшто ќе може да се казни таа пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прашањето дали новото течење има иднина или не, ќе се разгледа подолу, од каде што ќе се види оти тоа, ако се остави само на себе и се игнорира, ќе се развива само, а не ќе опаѓа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во одговорот на овие прашања ќе треба да се продолжат расудувањата за народноста на Македонците од таму каде што ги оставивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сенки на некои луѓе се исправија на местото од каде што дојде пукотот и бесшумно се изгубија некаде натаму.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога си со мене, можеш да правиш се – да носиш играчки, да патуваш таму каде што си бил и не си бил, па и да паднеш, да се испрепрчалиш ако ти дошло до тоа....
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Не ја крена главата ни кога дојде до изворот каде што беа комитите и децата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стариот војвода поверувал во тоа и се вратил дома во селото од каде што бил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Турција ќе вели оти таа сѐ што може да направи ќе направи и направила, а повеќе не можела да направи затоа што комитетите не му даваат на населението да се успокои, а во една земја каде што сѐ е во воена состојба сите добри намери на владата се рушат од спротивставувањето на немирното население; а ако воената состојба се продолжи повеќе од една година, реформите ќе застарат по наша вина и ќе се закопаат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Работната кариера ја заврши во Македонската телевизија каде што беше уредник и се пензионира.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Почнаа да се превалкуваат едно преку друго по ледината удирајќи се каде да стигнат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На ова место тажно им беше само тоа што гледаа толкава шир пред себе, но не и оној крај од каде што беа тие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците со својата Цариградска патријаршија им го имаат наложено грчкиот јазик во училиштата и црквите на многу македонски краишта, каде што нема Грци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А фатило една горештина нема каде да си ја собереш душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но на таа теорија ѝ беше затворен влезот во Македонија, како и во сите тие средини од каде што излегуваа пропагандистите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Никој друг од балканските народи немаше така спокојно да гледа на запустувањето на еден крај, каде што има негови сонародници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се убедија со напредувањето на српската пропаганда во Македонија оти тие не се единствениот фактор во македонското прашање, а оти има, освен нив, и други и оти успехот при конкуренцијата ќе биде таму каде што ќе биде поддршката на Русија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе