камион (м.)

Камионот веќе се искачува по превоите, преслопите, врти по свијоците, нѐ занесува на кривините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Првин го видовме војничкиот камион на џадето, а потоа војниците, татка и сите 12 души со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Камионите носеа и носеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сите германски и италијански камиони, кои врвеа по друмот, носеа храна и муниција, застануваа пред анчето и тука војниците пиеја.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Седам сега стуткана на камионот и гледам во козите што ја брстат шумичката крај патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Поминува еден камион и за малку убавиот петел ќе се најдеше под неговите тркала.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Камионот со поштенските пратки поаѓаше од поштата во Штип во шест часот наутро.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така катаден трчаат зад колоната камиони што змиесто се оддалечува по нагорнината…
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„Не знам. Се плашам од тоа. Се плашам да размислувам за тоа, за мојот камион и новата работа, ќе свикнам ли на тоа?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Бараат писма што пред малку ги фрлиле оние од камионите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Камиони натоварени со оружје доаѓаа преку порозните граници, а на оние територии што не ги контролираше државата се складираше оружје.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ме врзаа и ме качија во еден од камионите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Убиените ги товараат во камионите и ги носат во Лерин.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Камионот настранува и се исправа и кашла среде оглоданиот предел од зелени смреки и темни, препланети грмушки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Возен ред Камионот што собира ѓубре поминува во десет навечер, со жолтите ротациони осветлувајќи ни ги прозорците.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тие беа толку навикнати на бучавата на камионите со приколки и на двокатните автотранспортери, што дење и ноќе одекнуваше на автопатиштата, но и на брмчењето на авионите над нивните глави, како и на далечната врева на фабриките, валавиците и леарниците, така што мораа да подзастанат и да ги начулат ушите за да ги слушнат, онака како кога сакаме да го слушнеме отчукувањето на ѕидниот часовник во некоја соба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред куќата имаше исто така мала градина со две големи дрвја, кои еднаш ја спасија Мајка кога во нив удри камион скршнувајќи од правата улица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На друмот се крена прав. Два камиони пламнаа во оган и гореа се крена чад.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Германците ги свртеа камионите и ајде назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Силјан Лилјаков знаеше албански и ќе рече: — Ставете штица на камионот и тргнете нѐ сите наеднаш!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе