капне св.

капне (св.)

Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
На градите од неговата униформа одвреме навреме капнуваше по малку крв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И токму кога помисливме дека пламенот ќе се вивне до небесата... - а солзата која последна капна го изгаси и последното недогорено жарче, остана само пепелта која никогаш повеќе не се распали.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И наеднаш пред уште дождот да капне во пресрет му идат и лисјето и земјата и птицата изгубена во жбунот и здивот мој заборавен во тремот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Раницата ја истресе од наталожената прав и по некоја брбушка од глушец, а цокулите ги премачка со чисто крпче на кое капна троа масолца од кандилцето на мајка му и ги исполни однатре со навлажнет стуткан весник за малку од малку да омекнат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И петел заклавме, за да се капне крв во темелите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Капнуваше под мекиот товар. Немајќи сила да продолжи, застана и го пушти неподвижниот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Солза да му капнела врз камен, се велело, дупела бразда во него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Чувствувам дека ќе заспијам, дека капнат, рано, веднаш ќе заспијам, но се тресам од помислата дека, како многупати, рано ќе се разбудам, во она глуво доба кога петлите ја прават паузата по второто пеење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Една солза капна врз мене и јас се збрчкав од жал.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Тогаш мора да капнала оваа крв многу одамна, за да стане кафена, па и кафената боја вака да избледи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да, тој ќе стори нешто, Јаков не останувал должен, ќе капне крв пред неговите нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одело девојчето и плачело. Тешко, претешко му било. Каде ќе капнела солза, никнувало жолто, нежно цветче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Втората капка горчина му капна на стариот заради калеменото крувче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пијанство на мртво! Полегнаа луѓето на подот, сите се капнати од долгото кланцање во возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ем да видиш, Доцо, ќе се чудиш. А бре, рацете да ѝ капнат на таа шо и везела?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само повремено, од црницата на Надежда капнуваше по некоја црница, бела ашлама, и кокошка веднаш се вдаваше и ја клукнуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе