кип (м.)

Бузо вриеше од јад. Ги гризеше усните и, како кип, скаменето гледаше во оние што минуваа крај него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Понекогаш двојникот молчи, ништо не му вели; стои како скаменет, како кип отиснат од глина. Глина!?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
А во Писмото се вели дека идолите и нивните кипови се празни и шупливи, без значење сосем.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Девојките молчеа како кипови, залиени. Проклет да бидам, залиени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)