клеветник м.

клеветник (м.)

Во неговата отровна, клеветничка уста, во таа одаја во која ме измачуваше со укори, мојата кроткост стануваше – слабост, мојата благоразумност – плашливост, а мојата отвореност (како кога му реков дека му недостигаат букви во писмото) стануваше – нескромност и дрскост.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пријателите и роднините навиваа да се врати, и Марија стана мета на клеветничките обвинувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Не сум знаел“, извикав, „дека еден помлад човек како тебе, може да биде таков клеветник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И оти кажано е за злословието, грев најголем дека е, затоа што злословецот и клеветникот се претвораат во муви кои застануваат на туѓи рани, а смерните духом се пчели што на цветови застануваат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)