клиника ж.

клиника (ж.)

Мајка ми која го преживеа крлежот во увото во планинско село во минатиот век и пукнување на слепо црево во интернат во туѓина каде што ја идентификувале со плочка со бројче околу вратот далеку од дома и од родителите, почина на клиниката која е на десетина метри од моето работно место во истиот момент додека на брифингот се фалевме колку се успешни реформите во здравството.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
После операцијата отиде на рехабилитација во една мала клиника во Швајцарија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нив ги лекува татко ми на Уролошката клиника.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зазбивтани стоевме кај северната страна од Гинеколошката клиника.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заради сериозноста на срцевиот удар Никодин беше префрлен на Кардиолошката клиника во Скопје.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во текот на следните две години била лекувана на четири приватни клиники со психотерапија, а воедно примила и триесет и четири електрошокови и имала шеесет инсулински денови и педесет коми.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога и да му се пожалам дека ме боли глава, или дека имам несвестица, ќе рече незаинтересирано, ништо не ти е, не си болна, такви ти се годините, и никогаш не се согласува да ме однесе на работа, во клиниката и да ми направи подробни испитувања.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако добиеш главоболка или ако ти се лоши, родителите веднаш да те однесат на клиника“, мошне сериозно зборуваше докторката Горица.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Макар што кабинетот му беше во подрумот на поликлиниката, тој бавно но сигурно се искачуваше по излижаните скалила на хиерархијата во зградата на струката - од асистент до предавач, без амбиции да го замени пензионираниот шеф на катедрата и раководител на клиниката, за што и така немаше да наиде на поддршка ни кај колегите ни пошироко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ако на лицитација биде ставена кичма со поминат рок, но репариран на костозглобна клиника, за колку ќе се продаде?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се присетив на запознавањето. На посетите во психијатриската клиника. Како ми ѕвонеше на секои пет минути.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
По оваа размисла за идеалистичкиот подвиг на Камилски и кога виде дека ништо не може да промени, освен да појде во Клиниката и да најде изговор за одложување на операцијата за други времиња, Сотир Пасакли со сосем друг тон му се обрати на својот некогашен професор, кога слегоа во холот на хотелот: Јас, почитуван професоре, имам, на крајот на краиштата, и разбирање за Вашата постапка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше септемвриски ден кога во нашиот дом дојде еден од синовите на братот на мојата пријателка Клара, и ми кажа дека таа умрела во психијатриската клиника Гнездо, во која живееше со години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара и јас бевме дел од оние на кои им беше дозволено во групи, во придружба со болничари, да излегуваат од кругот на болницата и да прошетаат по градот, но сепак ни таа ни јас никогаш не посакавме да излеземе од Гнездо, останувавме со оние на кои им беше забрането да излегуваат надвор од психијатриската клиника.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ серија цртежи ги исмејува скороевците и новите богаташи. 1917 го упатуваат на нервна клиника бидејќи на воениот суд му се заканува смртна пресуда.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Почна граѓанската. А јас не можев мирно да работам во една приватна клиника во Атина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
На крајот, сепак, се разделија и се договорија кога повторно да се видат за првиот закажан преглед во клиниката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Исто така, таа не е свесна за степенот до кој нејзиниот јазик е содржан не во апстрактните концепти и печатени зборови, туку во специфичното однесување на лекарите кои работат во клиниките, во нивните меѓусебни односи и разговорите со пациентите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Утре е понеделник и ќе ти ги договорам сите возможни прегледи на клиниките, дефинитивно да видиме што е тоа што те измачува толку.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Повеќе