кобра ж.

кобра (ж.)

Но американското тело, убаво, здраво и така бесцелно... со тие бицепси и трицепси, палаво, активно и грациозно како кобра...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не сосема. наслушнувајќи го кркорењето на човекот со куршум во градите, коњот со винско испарување во ноздрите, од движење на кобра го зграпчил со заби офицерот за едната страна на лицето и со тргање го разголил до коска.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Правосмукалка Смотан влекач со глава на кобра и со апетит на питон, ги меле остатоците од нашето распаѓање со желудник на морско куче.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Пред да влезе во неговиот кабинет бараат од него да го остави својот револвер кобра.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Треба да се ѕвони за аларм. Црн човек, кобра, гавран.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Восхитот на КоБрА уметниците кон свежината на детската визија предизвика богата непосредна соработка меѓу нив и децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хатиџе стана танчарка добра во Мала Речица се витка ко кобра во бар ја здогледа лик ко Мик Џегер со кече на глава и откачен трегер Хатиџе стројна трбушен вртеше задница в танга редовно тртеше од Шара до Ниџе, од Плетвар до Стража млатеше пари од еротска масажа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)