кога (прил.)

Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тие не знаат за колку време им е јадењето, велам, до кога може да им држи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сум ја видел каква е кога така се однесува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тешко би можело да се најде друг пример во светот кога народот на едната вера бара да му се подигне храм на верата од другиот народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сакавме да земеме многу храна, па со козите да се скриеме во блиската планина со пештери, да живееме едно време од млекото на козите па, кога ќе се смират работите, да се вратиме во градот, кога ќе се врати и слободата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога би имал камера и кога би зумирал, човек би можел да ја види мојата отворена дланка и грчот на лицето во настојувањето да ги видам поединостите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се тресеа небото и земјата кога тој зборуваше!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Види... на чардакот, ова се неговите чорапи, се сеќавам, кога ме допираше..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој набој попушташе, од кога небото ќе се олеснеше, па можеше полесно да се диши...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога веќе им паднала секирата во медот, зошто да не ?!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Џипот дојде кога веќе беше стемнато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кога ќе дојдеш во штабот ќе го видиш.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се заниша малку се сврте ваму - таму, разгледа наоколу и кога го виде расплаканото девојче го расчепи клунот и гракна: - Гра-а!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ќе стркалаш карпа од ридот зар можеш да знаеш кого сѐ ќе повреди, во што сѐ ќе удри и каде најпосле ќе се распарчи и ќе се здроби!“, ми вели тој а со очите како и вистински да ја гледа таа огромна грамада што се валка од ридот и оди право кон него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А јас ломотам, ломотам... И кога ќе се зафатиш со зборување може да се случи нишките од основата да ти испопукаат па разбојот ќе ги замрси конците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш е тажно кога се живее со спомени!...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога одеднаш оп, книгата ми ја снема од рацете!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кога ме виде, веднаш се запали.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Или од црните потони на мојата крв ќе избликнат непознати желби, и ќе биде доцна кога ќе излезат, никогаш веќе не ќе можам да мислам дека се мртви или остинати, и никогаш веќе не ќе бидам она што сум бил.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но таа разлика можеше да се забележи само напролет, кога цветаа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе