код (м.)
Татковата библиотека беше вистински храм на тишината, негова градина на тишината, чиј таен код на неговиот живот и на животот на семејството, најуверливо можеше да го толкува само Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Немаме морален код што би претендирал да биде апсолутен и универзален.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Според влијанието врз женскиот род или според алкохолниот код?
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се искачивме на насипот и јас, без никаква видлива причина јурнав да трчам код мостот; зад мене Земанек викаше да застанам, да го почекам; јас не застанував, јурев кон тунелот, влетав во него, трчав и пеев: „Учи ме мајко, карај ме, како да земам Луција“; трчав кон светлината, но експресот веќе беше поминат и не можев да сфатам дека веќе нема ништо пред мене, освен светлина; и во моментот кога излегов на светлина, кога градите ми се полнеа со воздух (каква страшна болка во градите!), видов дека Земанек допрва влегува во тунелот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Едниот код кореспондира со искуството на современиот свет на западната уметност, а другиот се повикува посебно на нашето општество и неговата историја.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Уметноста на поранешниот Источен блок може да се интерпретира според двоен код, барем во случајот на Чехословачка.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со менување на кодот на верата и јазикот, односно со промената на душата, а идните борци во служба на Империјата, јаничаризмот ќе одигра посебна улога во балканското проклетство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој почувствува дека се најде на свој терен, па супериорно продолжи: - Да, мој пријателе, појавата на јазиците и натаму останува енигма за науката и лингвистите кои се поделени за нивното потекло, но генерално се прифаќа дека способноста за зборување на човекот започнува пред два милиони и двесте илјади години според генетичкиот код на Homo habilis.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се радувам кога ќе го најдам кодот на нечиј свет и кога ќе се потврди дека сѐ што е живо има допирни точки. Понекогаш тоа оди само по себе, се случува спонтато.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Воспоставувајќи хармонија меѓу комбинациите на временскиот и просторниот агол на гледање, а во чија внатрешност е сместен настанот, авторот успева да ги сугерира влезните кодови на пораката...
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Бројките не се дискурзивни и затоа не спаѓаат во редот на абецеда. Затоа и зборуваме за алфанумеричкиот код.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Постоеше систем на поврзаност на овие записи со татковите книги во рафтовите на библиотеката, некаква осмозна алхемија чии тајни таткото, господарот на својата библиотека ги однесе со себе, но остави доволно за разгатка за тие што би имале моќ да ги откријат тајните кодови на неговата митска библиотека...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имаше зборови меѓу турцизмите кои поврзуваа со минатото, понекогаш само еден збор можеше да послужи како монумент, како неодминлив историски документ, како извор, код.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секој автор има само една книга во која го крие својот основен код, а во другите можеби станува епигон на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како да бев предодреден со кодот на мојата баба, во животот да отворам нови врати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но предоцна да спаси некого или нешто, макар што на Балканот продолжуваше големата неизвесност, во Југославија посебно. И во илјадниците телеграми кои ги пишував од мојата речиси десетгодишна дипломатска мисија јас не престанав да трагам по наследената таткова тишина, во која се кријат кодовите на неговите незавршени потраги по балканската вистина, барана низ урнатините на империите, од чии падови се извишуваше надежта на преживувањето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Можеби при нумеричкото мислење воопшто не се работи за спознавање на светот, туку за некаква проекција на нумеричкиот код нанадвор, и конечно за некакво враќање на проектираното. Толку е нумеричкото спознание проблематично.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)