коефициент (м.)
Трчаат луѓето од едно место до друго, од еден крај до друг, трчаат и внимаваат да не ги видат, да не ги дефинираат како идиоти, како типови кои споро размислуваат, уште поспоро реагираат оти коефициентот на интелигенција им е олеле мајко.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Коефициент на Хуманост: Толерантен на етнички и хомосексуални права, но често машки шовинист.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Коефициент на Хуманост: Машки шовинисти, понекогаш сексисти, но социјално толерантни и визионери на глобалното село.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Децата сѐ уште не се будали, но ние веќе ќе ги преобратиме во малоумници какви што сме и самите, со високи коефициенти на интелигенција, ако е можно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)