колаж (м.)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тој црта и слика, прави звучни колажи, експериментира во областа на филмот и видеото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Романот „Ервехе” изобилствува од фабуларни заплети низ кои приказната си добива природен тек, бидејќи, овој белетристички колаж од новела, повест, роман, мемоар, дневник, есеистички отклони и драмски акценти всушност претставува модел на посовремено поимање на прозната форма, кој некои меѓу нас ќе се одважат да го крстат и со квалификативот постмодерна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во трагичен и гротескен колаж на извлечени сакрални делови од верските храмови од трите вери, со цитати и плакати, со содржини со кои се одречуваат душата и верата, и овде се допира трасцендентното, централно прашање: што по смртта на човекот?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
2. Борхесов шинел Творечката постапка на Александар Прокопиев веќе повеќекратно е доведувана во врска со „александризмот“ или, метафорички кажано, со синтагмата „Борхесов шинел“, во смисла на постмодернистичкиот манир од борхесовски тип, чија поетика подразбира: ерудиција, фрагментираност, колажна техника, алинеарна нарација, полифонија, интертекстуални игри, реторички стратегии на писмото...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
ЗОО речиси целосно им е „посветен“ на животните: во рамките на неговата колажна сценографија се појавуваат на пр. логоа на фирми што употребуваат животни (Камел, Самсон), видеоснимки и филмови за животни, цела митологија врзана за нив (Леда и Лебедот), а најмногу нивното физичко распаѓање (додека во ДАВЕЊЕТО ПО БРОЕВИ се појавуваат убиени животни).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Зашто претпоставувам дека новите вработени при Министерството за „највнатрешни“ органи, во одделот за катадневно следење на „дешавките“ во дневен боравок ( 20 поени)блиска „средба“ на француски кревет (40 поени) и каква било активност во тоалет (69... поени) ќе го снимаат материјалот и... потоа и ќе ни го понудат на пазарот во форма на ЦД,убаво спакувано со обвивка на која како колаж ќе бидат претставени најбитните моменти од долго или краткометражниот филм.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Од оваа неограниченост и од мултимедијалноста произлегува широкиот дијапазон на користени техники и материјали во мејл-арт практиката: налепници, разгледници, гумени печати, коверти, марки, телефон, телеграма, од една страна, до цртежи, слики, графики, фотографии, фотокопии, циклостил, колажи, уметнички објекти, звучни и видео касети, компјутер итн, од друга.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Постојат реалистички слики коментирани со текст, или куси текстуални содржини проследени со орнаменти, фотографии, колажи, постојат парафрази на познати уметнички дела, често се пародираат кичот и познатите еротски разгледници итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Колаж
1. Егзодус
Рана пролет.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)