колатерален (прид.)
Не можеше ли смртта да одбере друг металик при своите вежбовни активности, кога во маневарската муниција меѓу ќорците ќе ѝ се протне некоја чаура со отпаден крш од колатерален ураниум?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Не знам колку време мина
кога сонцето блесна од зад облаците
ги помести, ги разби
маглиштата и талогот
на еднообразноста
дрворедот се озари
доби лик, па одеднаш
некои чудни форми почнаа
да се об-јавуваат пред моите
очи
пред зумот,
пред заумот.
Ми се стори дека
од некаде надоаѓа нешто боготворно
светлината го овозможува
совршенството
но треба да го најдеш
барај
избегни ја судбината на
просечниот
ум, колатералната штета на
непросветленоста.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Па така, работничките права се колатерална штета и нивното жртвување се очекува да биде оправдано со астрономски економски раст и благосостојба од која наводно сите ќе имаме бенефит.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тоа беше еден од ретките случаи кога правната држава профункционира и тоа на штета на трпеливиот. Колатерална штета јебига.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Налет друго, од СВОЗ-от имаше огромна колатерална штета.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)