коленица (ж.)
Чичкото ги држи рацете на коленици. Тоа се огромни раце, црни, испукани.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Пушката му стасуваше до колениците, иако ја носеше на повисоко рамо и со цевката нагоре.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Кучињата, и тие, кога видоа толкава милост, заиграа со опашките, се приближија, почнаа да ги душкаат братучедите во петиците и под колениците па до празните војнички торби.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
При секое исправање на неговите дебелушкави коленици беше очигледно дека му се тресат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Таа се спушти на коленици, ја отвори ширум торбата и извади од неа неколку француски клучови и еден шрафцигер кои го исполнуваа горниот дел.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одвај успеа да исплива и на коленици да стаса до брегот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Езерото лежеше мирно под пладневното сонце, просто умртвено, како да ги потиснало и со коленици и со петици не само рибите меѓу тревите туку и брановите на дното.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Беа и едни лити завивања во колениците, и боцкаво трпнеење во подноктиците на рацете, блажеви во слабините и она познато чувство за здивот, исполнет и затнат од некаков снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жената се обиде да му ги прегрне колениците.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Духот му стануваше поактивен. Ќе седнеше на креветот од штици, потпрен со грбот на ѕидот и со табличката на колениците и свесно почнуваше да работи на обновување на своето образование.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не може и сепак сака да се намести на коленици во тој воен акшам да стори метание за последна молитва на денот и на својот живот. наеднаш му е жал, има жена и неколку деца, животот ќе ги сомеле без старател.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Проклетници е пожелен за службеници и оние што паѓаат на коленици за курви, педери и вештици за изроди и странски платеници
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Сега дури и помалку тонеше во снегот, а во колениците, место сета поранешна болка, сега се извиваше и една пријатна топлина, што се ширеше по сето негово тело и што му ги омекнуваше оловните јазли во секој зглоб.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Седи со нозете расчекорени, со лактите на колениците и со броеници во рацете. Броениците не се обични броеници.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Жената без маж не е света Варвара пред која се паѓа на коленици.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Градниот кош беше тесен како на костур: нозете му беа толку тенки што колениците изгледаа пошироки од бутните коски.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)