колеџ (м.)
Погледнете ги оние мрсулави студенти од приватните колеџи кои не знаат ни врвци од кондури да заврзат, а треба да бидат движечка сила во општеството.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Му пишуваше на тогашниот министер за култура на Франција, Жак Ланг, да ми биде овозможен двомесечен престој во познатиот француски преведувачки колеџ во Арл, сместен во еден средновековен замок кој некогаш служел како болница, дисперзиран дел од културниот простор Ван Гог.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Последен пат го видов Борхес во Дикинсон колеџот во април 1983-та.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Нашите сопствени градови се наши сопствени фарми; семејствата, училиштата и црквите се кланици на нашите деца; колеџите и другите места се кујните.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
„Си дипломирал на колеџ, имаш највисок IQ, а еве си сега во овој проклет батаљон, и што правиш овде?
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
Гронинг: Во 60-те имаше многу празни ветувања за прогресивната едукација, но вистинската слика беше оваа: поголемиот дел од колеџите беа или додатоци на големите универзитети или беа сместени во нечија приватна куќа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Само во Минвил Колеџ не беше баш добра лапачката! ... Беше едвај едвај доволна. Си измислуваше проспектот.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Многу млад, Хичкок го сместуваат во езуитскиот колеџ „Свети Игнациј” во Лондон.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Да го земеме, на пример, студентот по медицина кој од колеџот минува на медицинскиот факултет.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Поднесе оставка од колеџот Св. Олаф каде предаваше Англиски и креативно пишување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)