колне несв.
колнеж м.

колне (несв.)

- Се колнеме! - свикавме со кренати раце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За нив татко ми прикажуваше оти тие биле брат и сестра и ич не живееле како што рекол Господ, та беше ги колнала мајка им и татко им да се сторат пилиња и да одлетаат в поле, та да се бараат и еден други и да не се најдат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Така. Те видела жена му на клисарот. Доаѓа овде и колне: „Не сакам да ми ги бере.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Луѓе мои, се колнам, тоа беше мајка, вистинска мајка, видовме како рацете на татенцето попуштија, се занишаа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Баба гласно колнеше, а јас не можев да разберам зошто му го сториле тоа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А Бисера, колку го виде оти ја симна шапката и почна да се крсти, избега и не се обѕрнува назад, оти поп кога колне не треба да го гледаш: макар и другото да колне, клетвите го фаќаат тој што е крај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се молат и ќе колнат со исто зинување на устите. Ќе се кинат жените со војниците и само ќе дробат со очите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А и што ќе правиш сама во ова колнато време.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми се колнеше дека лично го украл од англиските складови.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Се растрчува низ дворот и колне ли колне.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Проклет да бидам, таа плаче. Се колнам, видов, видов!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
После затрудне сестра му од некој коњички поднаредник а тој во богословијата ја остреше својата кама и се колнеше дека ќе го убие тој човек.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И тогаш стравот се колне во мене и проколнува, стравот кој се беше изгубил во ехото на далгите кои испливуваа пред нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
А стеблото оголено уште кон небото ја колне подмолноста на болката што ја дебне убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Нервозно и скинато расправав и забележувајќи млака иронија во насмевките на пријателите, се каев и ја колнев во себе својата неуверливост.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Измамените измамници не престануваа да колнат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Го колнеа и младо и старо, но него клетва не го стигна.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Повеќе