комбајн (м.)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сега не сме сиромаси, вели и со рака покажува на дворот каде низ прозорчето се гледаат два трактори, комбајн, патничка кола и два камиони.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ве чекаат трактори, булдожери, комбајни, локомотиви.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)