конопен (прид.)
Старецот стоеше таму и држејќи во рацете нешто покриено со конопна крпа не се решаваше да зачекори нанапред, накај завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тестото, кога ќе биде готово, се собира во платеноно цедило и кога ќе проврие водата, се спушта во котелот, но така што да не го допира дното, односно со конопен конец се врзува за рачката на котелот или за камушките и се остава цела ноќ да врие.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Така треба: внатре има хумус, хранлива земја, конопената вреќа ќе згние и така корењата сами ќе се ослободат и ќе се вкоренат во почвата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Една вреќа, конопна и во неа нешто како човек, жена, којзнае.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Палтенцето колку толку за неговата снага е притегнато со конопена врвца.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Го праша еден од работниците својот сосед, којшто се мачеше на слабата светилка на огнот, да вдене дебел конопен конец во тенка игла.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Децата ги повиваат во конопни партали од вреќи до колку не умрат во првите шест недели од студ или глад, бидејќи мајките ни до третиот ден од раѓањето не се поштедуваат од тешките полски работи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Обично керамитка полупка — лоша, грда жена. (Ѓупка — полупка) понатолчи — да му подрече, поднаговори попраг — ремен или конопен колан со кој му се врзува самарот на добиток поразружа — си ги остави накитите или новите алишта порек — ветер што дува по реката посатка — покуќнина постилаче — покровче за постилање потпркнам — по тукум — нарочно, особено (те барам, ме бараш и тн.) потуркам — скитам (оттамудотаму) потурок — селска јавнија, манџа со кромид, ориз итн. поусекна — (борината) ја трлка да падне јагленот за да продолжи да свети прва — (од радост орцето и прва) весело настроение првица — не е прво од нас.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Старчето Диониш, иако малку збунето и преплашено, прифати да го сместат во помалечката просторија каде што Чана, како вистински мајстор, од неколку гредички, од три штици, од неколку метра конопено јаже, направи вистински кревет.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)