копно ср.

копно (ср.)

И започнуваше една убава, необична игра. Детето галопираше со коњот, држејќи се за линијата на која морето се допира со копното.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
„Ноќва преку океанот во обете насоки летаат бомбардери по задача, и тие никогаш не ќе го видат копното.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Лесно ранетите сами слегуваа на копното. На мостот стоеше војник и на секој му даваше ќебе.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И - моето бротче од стиропор со меурчиња наместо пукнатини со од патишта и патила невидлива патина Весело морско коњче, од игра помалку уморно во правците на светот неопитно од светот тркалезен и чудесен восхитено К'о икра за плодење тоа за копно копнее.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Трите кругови копно на млаките беа поврзани со црни врвици, тоа беше дирата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дирата под него се продолжуваше до средината на таа долка, а тука таа се изгубуваше во неколкуте црни паласки копно на млаките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури и додека ја гледаше црната орда како напредува кон југ, тој виде уште една сила, необјаснето собрана, ненадејно никната во нејзината заднина, како ѝ го пресекува патот по копно и по море.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зачекори на самата ивица на копното, до самата река.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Бидејќи ветрот им одеше сѐ наспроти бродот, мораа да пловат засолнети од Кипар и тој помина долго време загледан копнежливо кон копното, кон Тарс, кон градот во кој ги остави мајка си и татко си кога на тринаесет години замина за Ерусалим.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Светот настанал од влажен збор. (настанокот на светот според Догоните) во мигот на зачнувањето влажен е и воздухот и вагиналните ѕидови, температурата триесет и седум степени, умерено до значително облачно со услови за краткотраен дожд. никогаш не си земал часови пливање, но грбно ти оди добро. со секое проѕевање во матката по малку и голташ - протеини, јаглени хидрати, електролити и уреа. спокојно се нишкаш на тој воден кревет. како човечка рипка дремеш во мракот. потоа шок - со плач протестираш кога меурот ќе прсне и мокриот остров ќе се претвори во непрегледно копно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Излезот на Средоземното Море, таа татковина на човештвото, ме оддалечуваше од мачната реалност на албанското копно.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секое време е негово време. Оглед за Силјан Штркот Во преданијата влезе твојата слобода грешним твоето патување, почетокот на преобразбата копнежот по родното копно долгоклуните земјаци тајниот речник и магијата на враќањето на оној кој не е ни сам ни единствен
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некои велеа дека тоа се должи и на чудотворното дејство на водите на Езерото до кое не допираат злата и грубостите од далечното копно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сите „варвари” што иделе ваму на Балканот, преку море, преку реки, копно имале моќна воена организација. Биле освојувачи на големи простори.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бродот сега далеку тоне, Ние ќе најдеме некогаш копно...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Змејот нѐ следеше низ води и на копно! Требаше секогаш да се внимава! Границите беа фаталност!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се обрати со необично мирен глас, мораше целосно да ме извлече од молкот: - За другите морето може да претставува среќен излез од маките на копното, а за нас морето носи грижи, неизвесност, опасности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе