космос м.

космос (м.)

Се врти тој се врти со него денот и мракот со него сето поле и сиот космос се движи.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во овој научен свет на астрофизичари се среќаваат обични луѓе, срдечни, гостољубиви и готови да раскажуваат и да се одделат за некое време од здодевните бројки и анализи па новодојдениот љубопитен аматер, каков што бев јас, да го запознаат со тајните на космосот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Возбудениот космос на нашата надеж Загрижено го крие списокот на нештата Што не смеат да заминат в темнина Списоков засекогаш треба да остане во раката на сонцето:
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Додека пак личниот развој на секоја личност, како посебна планета во просторот на космосот, се открива преку анализа на сопствената еволуција како личност.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ти која од јарецот и бикот Ти која од ракот и рибата Ти која од лавот и сонцето од орелот и змијата од мајмунот и мачката од кругот и крстот правиш митос правиш поезис правиш космос
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Се сеќавам и не се сеќавам Во овој вакумиран меур од време, Во овој космос За молчење, За самување.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Замислете го за момент вашиот живот без вашите најблиски, без луѓето за кои живеете, луѓето кои ви ја исполнуваат душата со благосостојба, кои ве мотивираат, кои ве инспирираат, кои се причина за постоењето на вашиот мал космос.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Светот со своите разнишани политички и етички вредности веќе не е хармоничен космос.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не можев да сфатам во што сум живеел, во каков кафез; не можев да сфатам дека таа лажна граница на космосот што ја поставаат системот, политиката, општеството, сведувајќи го целиот раскошен космос на три зони: секс, политика и економија, може до толку да ги затапи сетилата на човекот, та овој да престане да го гледа невидливото: подвигот, она зад онаа страна на нештата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Наместо да се бави со сметање човекот почна да врши структурални анализи на космосот од бројки.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потребно е многу време за ослободување на духот, за поврзување на неговото битие со космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
1. Преобразби „Срцето ме влече да ги опеам преобразбите во други тела“,23 на Ѓаволот конецот намотан на макара да го замрсувам јазикот да го вртам вртоглаво на врвот врв да најдам во коцката, коцка-бесконечност во кругот, точка-вселена за габите легло, да го откријам -пред да пропеат првите петли- мистериозниот отпечаток, совршено обол божјата преса по европските полиња додека житото живее знак дава човекот да се прилагоди на чуда и да мисли низ чудеса небаре сѐ е од два краја составено на два раздвоено, непостојано хаос и космос секаде и секогаш отровен и неотровен свет двојници свет условно отворен на слобода пуштен за да биде поблиску до смртта најаве одошто теориски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога денес размислувам, навистина сум убеден дека тогаш циркусот, покрај манастирот, беше едниственото место каде не важеа законите на околниот свет; тоа беше држава во држава, нација во нација, свет во свет, космос во космос; мало небо во големо небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човековата врска со космосот, чија што прашинка е и тој самиот, е силна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Така настанува длабока омраза спрема целокупниот космос кој со сите свои полиња и релации го обликува проектот што „експериментално“ го вклучува калкулативното мислење.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Одненадеж слушнало силни удари во својот корен, човекот со чекан удирал силно, кршејќи ја карпата на ситни парчиња, ситни како песок, прашинки што испарувале од жештината на сонцето, враќајќи се назад во космосот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој создаваше свој систем, друг космос, своја варијанта од излезот од балканскиот кафез особено по излезот од балканскиот пекол во времето и по апотеозата на сталинизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја допирам твојата клетка космос, Сакам да сум зглоб на ѕвезденото скеле.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Знаеш ли, миличок, кој во тој миг може најубаво да ја почувствува суровата, единствена хармонија на Космосот?...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе