костум м.

костум (м.)

Носеше свечен костум и пеперушка, купена уште во Париз и носена за прв пат во оваа пригода.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Другиот ден повторно облекуваа лош кафеавкаст костум и мораа да се задоволат со издавање на забрана за користење на масите за пинг-понг од страна на класно несвесната младина.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Оттаму, мојата врска доктор ме одведе кај професорот да ми се направи една гастроскопија по колоноскопијата, а кога по пат го молев да ми каже колку може да биде болно, тој низ насмевка ми рече дека оваа претстава што бесплатно ја изгледал долго ќе се раскажува по кабинетите и дека лично тој ги сокрил пешкирите со нормална големина и дека оној во костумот бил само колатерална штета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А да беше старата питомина во мајкиниот поглед, таа сигурно благо ќе го прекореше оти костумот му е толку искинат и бербатосан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Костумот можеби беше само изговор за посетава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Продавачот ни наплати и костумот беше твој.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Снагата што пукаше од здравје и енергија почна да му омлитавува, да ослабува, да се суши и да се смалува, така што износените костуми му се мавтаа како околу сарак за бостанско плашило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Насобрани околу некој постар чичко во кафеав костум кој што пресреќно се смее.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Најверојатно ќе ја напуштев гимназијата ако се случеше вошката што ја фати Нанчо да се прошеташе по кафената боја на костумот и да ја посочеше некој со прст. За среќа, ја улови Нанчо. Сполај му барем за тоа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Типот во бордо костум почна да ѝ се дере на Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И пикнат во нов костум.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога ќе се ослободам од егото и суетата, кога ќе ги симнам маските и костумите, кога ќе се демистифицирам, кога не сум на работ на амбисот, кога имам можност барем за момент да бидам среќна, јас сум едноставна личност која умее да сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Климент Камилски ја замоли собарката да му го испегла сивкавосиниот костум и за прв пат ја стави својата светлосина вратоврска купена при претходниот престој во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред киното во темно сив костум, бела кошула и сив шешир ја чекаше Петар со насмевка на лицето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Едо сепак го пушта диференцијалот на земја оставајќи ѝ ја сета тежина на Германија и тамам сака да пречекори да го подземе куферчето од раката на човекот во костум, увидува дека не може ни да мрдне од место.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го гледа дека е убаво облечен, како некој службеник или можеби дури и некој директор, во костум и во раката држи едно картонско куферче што на Едо му изгледа познато.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Претходно ѝ порача на Рада да му го донесе новиот костум кој специјално го шиеше за оваа пригода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ина покажуваше кон нас, и аѓутантот, постар господин во црн костум со бордо пеперутка и со бела коса, дојде и на лош српски јазик нѐ замоли да си одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе