којзнае зам.

којзнае (зам.)

И јас за дрво си плачам, што се вели, сум дошла од којзнае каде и, овде, во Сибир, ќе го бранам социјализмот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае друг пат дали ќе се видиме, ѝ вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мачно... којзнае колку луѓе ни останаа тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нѐ виде во лицата ко дуњи, ко смил, којзнае ко што, и се насмеа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Туку ќе видиш некој да копа во земјата, под снегот: бара корења, којзнае што бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По којзнае кој пат уште еден пораз но поразот не значи изгубена битка учен е народот поразен да биде но за инает не се откажува од игра
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Беа богати бели партали јужен снег и којзнае како сѐ уште не се свршува таму горе и еднаш да преврнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Настапи тишина од која на човека му се присторува дека ќе потоне којзнае во каква бездна.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Се браниме од секакви чинки Се браниме од лоши соништа И од лоши толкувачи се браниме А еве сега нѐ учат да се браниме и кога никој не нѐ напаѓа И којзнае дали ќе се одбраниме Ако Господ не нѐ варди и одбрани Првин од нашите сопствени лажни сонувачи И препродавачи на измислени соништа Кои не знаат дури и да танцуваат со соништата Без да им го повредат ’рбетникот од прекумерно стискање
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Којзнае колку пати го повторивме орото и сега ќе си одиме на спиење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае дали на сите вака им иде кога ќе се сретнат со смртта?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И којзнае по колку пати се будам да си ја побарам ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И којзнае зошто сето тоа ме враќа кон нешто поминато и познато.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш дури изјави пред мене дека токму нејзиното однесување, однесувањето на Рајна, го спасило бракот на онаа божемна Генералица која којзнае што сѐ си замислувала.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
По којзнае кој пат неправда нова на народот обесправен, страден сакаат обезличен да го видат до смрт да го остават покорен и гладен
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тие ќе се испозагубат, којзнае како ќе се испомешаат, а со тоа временската ситуација толку ќе се искомплицира што нејзината смрсеност не ќе ја одмрсат илјада волшебници ни по илјада години.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Којзнае колку робијаши има во Сибир! Може овдека ќе остариме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе