коњушар м.

коњушар (м.)

„Секако“, мислам богохулејќи, „во такви случаи боговите помагаат, испраќаат коњ кој го нема, поради итноста додаваат уште еден, па уште и те даруваат со коњушар.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со њ се пишуваат и сите граматички форми, изведенки и сложени зборови во чие образување влегува оваа именка: коњи, коњче, коњски, коњушница, коњушар, коњаник, коњокрадец, коњоштип итн.
„Правопис на македонскиот јазик“ од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје (2017)
Моите нерви веќе побрзаа кон големиот восхит; но јас ги зауздав - искусен коњушар.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
– „Дури тогаш повторно се сетив на Роза; што да правам, како да ја спасам, како да ја оттргнам од тој коњушар, кога сум десет милји оддалечен од неа, со нескротливи коњи пред мојата кола?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)