кратер (м.)
И постојано гледаат во дувалото. Дувалото е остаток од некогашен кратер, од некогашен вулкан кој во своето време бил активен, но се смирил, згаснал и создал околу себе плодно земјиште кое обилно раѓа сѐ.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Трпе мораше да седи во спалната за да ја следи лигата на шампионите додека Ратка не се тргаше од турските сапуници притоа правејќи кратер на троседот со нејзиниот корпулентен задник.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
По сексот Слегуваме по кратерот и си ги бараме гаќите.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тоа е стреа за патики од превртена кожа; чадор за срамни влакна; вулкан со памук и сончоглед во кратерот.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Несоницата е гимнастика на јоги, јога на нога, папуча под столче, скок во кратерот – до дното на шишето.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Собата беше заштитена од пожар; железните ѕидови беа прекриени со пликови и дупки - месечеви кратери.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)