кризен прид.

кризен (прид.)

Воведена е и забрана на штрајк во Министерството за внатрешни работи во воена, вонредна или кризна состојба и во Армијата на Република Македонија во воена и вонредна состојба, како и во случај на извршување меѓународни договори што се однесуваат на вежбовни активности, обука, мировни или хуманитарни операции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така ти останува доста љубов од која имаш кризни моменти.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие, преку интервенции и прашања до својот синдикат, сѐ почесто се интересираа да добијат било какви информации за новонастанатите проблеми во работењето, особено во тој кризен [воен] период.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исти одредби важат и за забраната и ограничувањето на правото на штрајк, со таа разлика што не е наведена забраната за штрајк во полицијата при кризна состојба (чл. 108, ЗП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа членарина одеше во синдикалната каса, која се користеше и за солидарна помош на вработените во оваа фабрика, кога некој од нив ќе се најдеше во одредена кризна ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Таа... Тие преку тебе и преку овие растенија сакаат да дознаат како може војската во кризно време, кога ќе нема леб, да се прехранува од растенијата што растат сами во природата...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така викендов по дома организиравме воени вежби налик на оние СВОЗ-манифестации што на времето се одржуваа во нашата месна заедница Тафталиџе Два: Јасна ми бира кошули што најдобро ќе го одразат мојот буен режисерски талент, мојот адвокат Пол ми пишува говори што ниту за две години не би можел да ги научам, на балконот на Нено и Милена е формиран кризен штаб за заднинска поддршка, а јас визионерски шетам низ дневна замислувајќи како во блиска иднина Рихана ме преколнува за соработка.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)