криминалистички (прид.)
Сите имаат имиња како од некаква криминалистичка оперета, или филмски прекари (Рафал, Џони, Браво, Скот...), го премолчуваат својот идентитет, чекорат по облаци, благо, речиси нежно се лизгаат кон смртта и на крајот себе си го дозволуваат луксузот на кукавичлакот за конечно да фрлат сенка на својот „имиџ“.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Дотолку првокласните криминалистички романи по 1930-та (Валас за нив е припрост) ѝ соодветствуваат на маниристичката театарска литература од периодот меѓу 1600 и 1630-та.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
„Добра тема за криминалистички роман“, замислував.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се сетив на оние криминалистички филмови што сум ги гледал на телевизија, а никогаш не сум ги догледувал докрај зашто, секогаш кога станува највозбудливо и најстрашно, мајка ми или татко ми ме испраќаат в кревет со објаснување дека филмот не е за мене.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се смета за родоначалник на детективскиот и на криминалистичкиот книжевен жанр.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)