критички прид.

критички (прид.)

За да се достигне таа цел ние треба да се одделиме од другите балкански народи и самостојно и критички да погледнеме на самите себе и на нашите интереси, како и на балканските народи и нивните интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да биде појасна ползата од таквото одделување наше од другите народи доста е еден критички поглед врз работењето на тукашниве студентски друштва: бугарското и српското.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Крајно време е критички да ја преиспитаме оправданоста на догмите на неолибералистичкото 201 едноумие и повеќе да не жртвуваме неброени човечки судбини на апстрактните идеолошки догми.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Електронските мемории допуштаат критичко елиминирање на таквата информација.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Подробната анализа на оваа суштинска промена на пензискиот систем на Република Македонија излегува од рамките на оваа студија, но ја користиме оваа прилика за да ја искажеме нашата убеденост дека преземањето на оваа реформа и нејзиното вообличување со дадените карактеристики заслужува критички да се промисли и, преку компаративните искуства од останатите земји, да се оцени колку во нејзиното вообличување одигра улога нужноста а колку идеологијата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како и да е, но одделувањето наше од Бугарите ќе ни даде можност критички да се однесуваме кон бугарските работи, а не слепо да ги копираме и да насадуваме во Македонија, наместо национализам, социјализам, како што го правела тоа Внатрешната македонска револуционерна организација. 89 Значи, одделувањето на нашите интереси од бугарските, покрај другото, ќе нѐ избави од положбата како мајмуни да ги копираме бугарските непромислени постапки и на вера да ги примаме бугарските уверувања дека Бугарија е нашата арнотворка, а Русија нашиот најголем непријател; тоа ќе развие во нас критички однос кон нашите и кон туѓите постапки.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мерката на душевната и духовната возбуда, објективизираното просудување и восприемање на напишаното, критичката дистанца стануваат оној решавачки фактор што ја одредува судбината на песната и на односот на поетот кон неа.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Хегел, се разбира, мораше да биде исчистен од својата метафизика, мораше безусловно да биде отфрлена неговата некритичка доверба во рационалистичкото умување — и дури тогаш можеше да се создаде вистински дијалектички метод што го овозможува спознавањето на природата и општествената стварност.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Мора да ги налутив надлежните поради ваквите мои критички мисли за поредокот на небото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тоа запирање, тоа воздржување и молчење во текот на подготовките на сите мои книги од „Дождови“ до денес не стаса до онаа критичка точка преку која стиховите за Рацин требаше да минат, да ја надминат.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Речовито е сознанието до кое доаѓале критичарите говорејќи за прозата на Чинго, она сознание за нејзиното потекло, иако одделните критичари поаѓаат од различни критички становишта, со разни критичарски определби - од импресионистичка до психолошката и социолошката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Хабермас се залага за „неискривената комуникација“, заснована врз подготвеноста да се учествува во рационалниот критички дискурс за прашањата од јавен интерес, да се овозможи слободен и еднаков пристап за сите учесници, да се обиде да се разберат проблемите и да се дозволи да победи најдобриот аргумент, резултирајќи во прифаќање на рационален консензус.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Ефектите од културното попречување се двојни: тоа привлекува критичко внимание кон оригиналната порака, истовремено отворајќи простор за нови и алтернативни значења.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тогај кога зборува за својата Македонија, Никола Кирков го соопштува настанот низ една суптилна критичка нота а со цел да не затапи рефлексот и општествениот коректив онде каде што се покажува како неопходно одмавнувањето на грешката, каде што се покажува како неопходно отколонувањето на причините кои можат да доведат до мултиплицирање на проблемот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дури и во очите на двете омажени сестри на Даниел, во кои на почетокот откри студени критички погледи и процени за нејзината вредност, сега почна да гледа топлина и симпатија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И тој ги читал, пред прогонството, древните книги на руските сонувачи... Избор критички осврти на романот Патот на јагулите (Водена пирамида)
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Критичките модели се чини го одиграа својот асимилиран пораз.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Имаме разлог да се надеваме дека денес можеме да се задоволиме со овие микролошки перспективи кои би можеле конечно да ги потиснат застрашувачките амбиции на критичкото нивелирање, инаку, издиференцираните слики на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повеќе